• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Управниот одбор ја реализираше програмата за првото тромесечје

UPRAVEN_ODBOR__26.03.2012_067____862853783Под претседателство на Ацо Стојанов и во присуство на целиот Управен одбор и Менаџментот на Фондот на ПИОМ, на 26 март 2012 година се одржа 105-та седница.

Со одработувањето на на осумте точки на дневниот ред успешно се исполни Програмата за работа на Управниот одбор за првото тримесечје во годината.

На седницата, се усвоија две програми и тоа: за реконструкција и адаптација на деловните објекти на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2012 година и за купување на капиталните средства за 2012 година. Притоа, помошникот на директорот Соња Бачовска образложи дека за адаптација и реконструкција на деловните објекти се издвоени 5.000.000 денари, и тоа за следните намени: 3.000.000 денари за инвестиционо одржување на деловните објекти на Фондот и 2.000.000 денари за инвестиционо одржување на домовите за живеење на корисниците на пензија со кои располага Фондот. Во врска со капиталните средства-истакна Бачовска, планирани се средства во вкупен износ од 15.000.000,00 денари, и тоа: 14.000.000,00 денари за информатичка и видео опрема и 1.000.000,00 денари за канцелариска опрема.

Се усвоија и два правилника: за организација и работа на интерното бифе при Фондот на ПИОМ и за користење на репрезентацијата и Правилникот за изменување на Правилникот за организацијата, составот и начинот на работа на Комисијата за оцена на работната способност. За правилниците воведни образложенија поднесоа помошниците на директорот Соња Бачовска и Трајко Премчески.

По воведното образложение на помошникот на директорот Амет Даути, Управниот одбор едногласно ги прифати и Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот станбен простор во домовите за живеење на корисниците на пензија во 2011 година и Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот деловен простор во домовите за живеење и клубовите за дневен престој на корисниците на пензија во 2011 година.
За двете допонителни точки образложенија поднесоа помошниците на директорот Амет Даути и Соња Бачовска. Тоа се: Информацијата во врска со судските постапки кои се водат со здруженијата на пензионери и Информацијата за финансиската состојба на ТД “БОРЕЦ ПИОМ“ ДОО–Битола со состојба 23.03.2012 година. Истите беа едногласно прифатени од страна на Управниот одбор заедно со заклучоците.