Во врска со Соопштението на Народна банка на Република Северна Македонија и Решението бр.15-20139/1 од 12.08.2020 година донесено од Гувернерот на НБ на РСМ за укинување на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје, се известуваат сите корисници на пензија на кои им се врши исплата на пензијата на трансакциските сметки во Еуростандард банка АД Скопје, најдоцна до 21.08.2020 година да достават известување до банката преку која што би сакале понатаму да им се врши исплата на пензијата.
Банките, по службена должност ќе извршат дојава до Фондот на ПИОСМ за трансакциските сметки на кои Фондот ќе треба да изврши исплата на пензиите, поради што корисниците на пензија не треба да доаѓаат во Фондот.
На корисниците на пензија кои од разни причини не се во можност до 21.08.2020 година да ја извршат дојавата во банката каде би сакале да се врши натамошна исплата на пензиите, исплатата на пензиите ќе се изврши дополнително.