Во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31 од 10 февруари 2020 година, објавен е Законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Со овој закон се уредува начинот на утврдување на стажот на осигуреникот кој бил во редовен работен однос и бил пријавен во задолжително социјално осигурување, а обврзникот за пресметка и плаќање на придонес не го платил придонесот за пензиско и инвалидско осигурување.
Во овие случаи, со законот се дава можност осигуреникот да може самиот за себе да изврши плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување.
Плаќањето на придонесот ќе се однесува за оној период за кој осигуреникот поднесува барање за плаќање на придонес, под услов да бил пријавен во задолжително социјално осигурување.
Основицата за пресметка и плаќање на придонесот изнесува 20% од просечната плата за претходната година од годината во која е поднесено барањето за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување, објавена од Државниот завод за статистика.
Плаќањето на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување може да го извршат и членовите на семејството заради остварување право на семејна пензија.
Правото на плаќање на придонес се остварува по поднесено барање на осигуреникот или членовите на семејството, а кое се поднесува до надлежната Филијала, односно Деловница на Фондот.
По поднесеното барање, Фондот ќе донесе решение за плаќање на придонесот, откако ќе утврди дека се исполнети условите предвидени во законот, и тоа:
Уплатата на придонесот се врши по донесувањето на решението.
Претходното законско решение за докуп на стаж кое беше донесено во 2015 година, имаше ограничено важење од една година, за разлика од ова законско решение кое нема ограничување во важењето.
Да напоменеме дека Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, ќе може да прави пресметки за плаќање на придонесот до 31. 12.2008 година.
Овој закон стапува во сила на 18 февруари 2020 година, а ќе започне да се применува по еден месец, односно од 18 март 2020 година, бидејќи во рок од 30 дена Министерството за труд и социјална политика, треба да ја дефинира формата и содржината на барањето.