Фондот на пензиското и нвалидското осигурување на Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, на 23 мај 2018 година, склучија Меморандум за деловна соработка.
Меморандумот за деловната соработка има за цел преку меѓусебна соработка, Фондот по електронски пат да ги обезбеди податоците за стажот на осигурување и платите на вработените од Министерството за периодите пред 2006 година.
Со Меморандумот се дефинира начинот на спроведување на контролата и одговорноста за точноста и потполноста на податоците за стажот на осигурување и платите за вработените во МВР.
Исто така, се дефинира и електронскиот начин на преземање на податоците за стажот на осигурување и платите (пријави М4) од страна на Фондот.
Имено, преземањето на податоците ќе претставува софистициран начин на обработка на истите, со тоа што министерството ќе се ослободи од подготовка на хартиени пријави, а Фондот од процесот на скенирање на истите, бидејќи преземањето ќе биде електронски во Pdf формат како слика.
Со спроведување на активностите содржани во меморандумот ќе се обезбедат комплетни и точни податоци, врз основа на кои вработените од министетерството ќе остваруваат права од пензиското и инвалидското осигурување во обем и висина која им припаѓа, согласно закон.