На 20.09.2024 година, во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се одржа Првата конститутивна седница на новиот состав на Управниот одбор на Фондот, на која за претседател на Управниот одбор на Фондот на ПИОСМ едногласно беше избрана Ирена Петковски од Министерството за финансии.
На новата претседателка на Управниот одбор на Фондот на ПИОСМ, присутните на седницата и посакаа топло добредојде и успех во понатамошната заедничка работа во Фондот.
Потоа новоименуваната претседателка на УО на Фондот, Ирена Петковски, ги поздрави членовите на новиот состав на Управниот одбор: Диана Ристовска Додевски, Бети Живадиновиќ, Станка Трајкова, Љупчо Фармакоски, Исак Емини и Игор Китаноски, како и присутните од стручните служби на Фондот, искажувајќи благодарност за укажаната доверба за новата функција, со надеж за успешна соработка, максимално ангажирање, одговорност и реализација на сите донесени одлуки на Управниот одбор за унапредување на работата на Фондот на ПИОСМ, а во интерес на пензионерите и сите корисници на услугите.