• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ВО ФОНДОТ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2019 ГОДИНА

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија во рамките на своите законски надлежности го спроведува задолжителното пензиско и инвалидско осигурување и обезбедува остварување на правата од ова осигурување согласно законските одредби.

Од тие причини, како институција е секогаш насочена кон развој на сопствениот институционален капацитет, сѐ со цел да обезбеди подобри услуги на осигурениците и корисниците на пензија, односно пензионерите.

Оваа тенденција беше особено присутна во текот на 2019 година, кога се имплементираа значајни реформи во пензиското и инвалидско осигурување, кои беа резултат на  подготовките во текот на претходните години, а особено во текот на 2018 година. Реформите произлегоа, пред сѐ, од измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, како и Законот за капитално финансирано пензиско осигурување.

Подготовка за имплементација на реформите во пензиското и инвалидско осигурување

Во врска со подготовката за имплементација на измените и дополнувањата на Законот за ПИО и Законот за ЗКФО, кои стапија во сила од 01.01.2019 година, во претходниот период беа преземени следните активности:

  • Извршена е анализа на членовите на вториот столб кои согласно одредбите од споменатите закони – членството во втор столб требаше да биде раскинато.
  • Воспоставени се критериумите за детектирање на осигурениците родени пред 31.12.1966 год., осигуреници кои имаат барем еднаш во текот на осигурувањето стаж со зголемено траење (бенефициран стаж) и осигуреници кои имаат барем еднаш својство на осигуреник како индивидуален земјоделец.
  • Извршена е анализа на осигурениците кои ги исполнуваат условите за членство, а не се навремено распределни во вториот столб
  • Воспоставени се новите законски критериуми за зачленување на новите осигуреници во вториот столб.
  • Осигурениците кои ги исполнуваат условите за раскинување на членството, се означени во евиденцијата на Фондот.
  • Определни се осигуреници со кои ќе се тестира распределбата на ненавремено распределните осигуреници (фантоми).
  • Изготвени се технички услови за имплементација на Законот.

Со цел да се обезбедат услови за имплементација на законските измени од аспект на базата на податоци за осигурениците/обврзниците, беше преземено следното:

  • Организирани се обуки за вработените во филијалите и деловниците на Фондот и доставени се насоки за работа.
  • Спроведено е расчитување на евиденцијата на осигурениците и обврзниците за кои постоеа податоци.

 (ПРОДОЛЖУВА)