Денеска, директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов и раководниот тим имаа работен состанок со ревизорите од Државниот завод за ревизија.
На состанокот, ревизорите ги презентираа констатациите за финансиските извештаи на Фондот за 2023 година утврдени во текот на ревизијата.
По извршеното запознавање со утврдените состојби од страна на ревизијата, раководниот тим на Фондот, даде свои коментари и видувања за причините на изнесените наоди.
Во наредниот период ќе биде изготвен Нацрт – извештај, по што ќе следува и Конечниот извештај на ревизијата за финансиските извештаи на Фондот во 2023 година.