• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Потпишани меморандуми за соработка помеѓу ФПИОСМ и граѓански организации

В.д. директорката на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Билјана Јовановска, потпиша два меморандуми за соработка. Едниот со Црвениот крст на Р. Северна Македонија, застапуван од генералниот секретар, д-р Саит Саити, и другиот со Зекир Абдулов од Граѓанската организација КХАМ од Делчево.

Целта на склучувањето на Меморандумот со Црвениот крст е преку взаемна соработка и помош да се обезбеди реализација на програмите од областа на крводарителството, првата помош, како и социјално – хуманитарната дејност, а во насока на потребите на пензионерите.

slika22

Соработката со ГО КХАМ е заснована на взаемна соработка и помош меѓу договорените страни, да се овозможи навремено и ефикасно информирање на корисниците на пензија, како и давање правна помош на идните пензионери.

slika1

Сите активности кои се предвидени со овие договори се на доброволно основа. 

Ова е досега прва активност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија склучена со граѓански организации, со што Фондот ја потврдува својата улога на општествено одговорна институција која се грижи за нејзините корисници.

slika21