• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ПОДДРШКА ЗА ДОЛГОТРАЈНА НЕГА НА СТАРИТЕ ЛИЦА

Денес во Фондот на ПИОСМ, в.д директорот на Фондот на ПИОСМ Арсим Хасани, со тим одржа работна средба со претставници, консултанти од Светска банка г-дин  Бојан Шимбов, г-ѓа Ана Крстеска и г-дин Мартин Моесингер.

Светска банка во соработка со Фондот на ПИОСМ, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство работи на проект за проценка на долготрајната нега на старите лица во Република Северна Македонија.

Овој проект има за цел да поттикне и развие проекции и рамка на проектирани трошоци за финансирањето на долготрајната нега на старите лица во Република Северна Македонија, бидејќи моментално е поделено во различни пододдели, како и да се подигне свеста за важноста од правилно финансирање, особено поврзано со идното стареење на целокупното население во земјата.

На стареењето на населението во Република Северна Македонија, му е потребна поддршка за долготрајна нега од секторите за здравство и социјална заштита, вклучително и поддршка во управувањето со мултиморбидитети. Со оглед на овие односи, Светска банка во соработка со горенаведените институции, во овој проект ќе го процени статусот на поддршката за долготрајна нега на старите лица и нивното обезбедување и финансирање во здравствениот и социјалниот сектор.

Во делот на работата на Фондот, се дискутираше за спроведените активности и финансирањето на пензионерските домовите со кои управува Фондот на ПИОСМ и планираните активности во иднина.