Практичната настава на студентите и размената на искуства во областа на пензиското и инвалидското осигурување во фокусот на Меморандумот за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и АУЕ-ФОН, кој беше потпишан денеска
Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов и директорката на АУЕ-ФОН, Сезен Цаноска потпишаа Меморандум за соработка со цел взаемна соработка во сферата на едукацијата, обуката и размената на експертски искуства во повеќе стручни и научни области.