ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ОД 1 – ВИ ЈУЛИ 2019 ГОДИНА
Согласно членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување (Сл.весник на РСМ 245/2018год. ) и објавата за движење на трошоците за живот во РСМ (“Сл. весник на РСМ“ бр.140/2019), пензиите остварени до 30.06.2019 година, од 1 - ви јули 2019 се усогласуваат за 0,4%.