РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ ВО ФОНДОТ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2019 ГОДИНА
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија во рамките на своите законски надлежности го спроведува задолжителното пензиско и инвалидско осигурување и обезбедува остварување на правата од ова осигурување согласно законските одредби.