• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Соопштенија

СРЕДБА НА В.Д ДИРЕКТОРКАТА НА ФОНДОТ НА ПИОСМ И МИНИСТЕРКАТА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

Во текот на денешниот ден в.д директорката на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија Билјана Јовановска и Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, остварија средба.
Повеќе

Работна средба помеѓу фондот на ПИОСМ и СЗПМ

В.Д. Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Билјана Јовановска оствари работна средба со претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија г-ѓа Станка Трајкова, претседателот на Собранието на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, г-дин Илија Адамоски, г-дин Ментор Чоку, член на Извршниот одбор на Собранието на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и г-дин Славко Трајкоски, претседател на Здружението на пензионери од Прилеп.
Повеќе

МТСП: Соопштение за корисници на семејна пензија

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Министерството за образование, ги известува, а воедно и ги повикува сите ученици и студенти, корисници на семејна пензија, заклучно со 30 ноември 2020 година до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да достават соодветна потврда, со која ќе го докажат својот статус на ученик, односно студент, врз основа на која се продолжува исплатата на семејната пензија.

Повеќе

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОБВРЗНИЦИТЕ

Законската обврска на Фондот на ПИОСМ за дистрибуција на листи за стаж и плата на осигурениците преку официјалната е-маил адреса пријавена во Централниот регистар на Република Северна Македонија (ЦРСМ) е реализирана. За групата обврзници, за кои дистрибуцијата не е успешна, објавен е посебен фајл со идентификатори за таквите обврзници, ЕДБ, е-маил адреса и копија од опис на причината на повратната порака.

Повеќе

С О О П Ш Т Е Н И Е

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија,  ги известува сите корисници на пензија на кои што досега исплатата на пензија им се вршеше на трансакциските сметки во Еуростандард банка АД Скопје, дека нема да бидат оштетени и исплатата на пензијата ќе се врши редовно како и досега.

Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Во врска со Соопштението на Народна банка на Република Северна Македонија и Решението бр.15-20139/1 од 12.08.2020 година донесено од Гувернерот на НБ на РСМ за укинување на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје, се известуваат сите корисници на пензија на кои им се врши исплата на пензијата на трансакциските сметки во Еуростандард банка АД Скопје, најдоцна до 21.08.2020 година да достават известување до банката преку која што би сакале понатаму да им се врши исплата на пензијата.

Повеќе

УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ

Од 1 - ви јули 2020 година,пензиите остварени до 30.06.2020 година, се усогласуваат за 0,6%.

Повеќе

ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ПЕНЗИЈА ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ 2020 ГОДИНА

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, податоците за исплата на пензиите за месец јуни ќе ги испрати до сите деловни банки најдоцна до 25.06.2020 година и воедно препорачува деловните банки преку своите филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензиите за клиентите кои не користат картички во четири групи, и тоа:

Повеќе

ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕДОВНА И НАВРЕМЕНА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИТЕ

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, како институција која им служи на граѓаните, за време на пандемијата настаната со вирусот  КОВИД– 19 и прогласувањето на вонредната состојба во Република Северна Македонија, непречено ги извршуваше своите услуги и обврски/должности, посебно во делот на  редовната  исплата на пензиите за корисниците на пензија кои живеат   во државата и надвор од неа.

Повеќе