Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ги известува корисниците на услугите дека почнувајќи од денес, 01.04.2021 година, покрај веќе достапните услуги на шалтерот на Фондот на ПИОСМ лоциран во зградата на поранешна Комерцијална Банка, почна да функционира нова услуга- Прием на барања за солидарен фонд.
Воведувањето на услугата е со цел излегување во пресрет на барањата на граѓаните за полесен пристап до услугите кои ги дава Фондот на ПИОСМ, а имајќи ја во предвид состојбата со вирусот Covid 19, како непотребното движење на странките помеѓу институциите.
Имено, шалтерите на Управата за водење на матични книги се наоѓаат веднаш до шалтерот на Фондот на ПИОСМ, а документите кои тие ги издаваат (извод на умрени, извод на венчани и извод на родени) се потребни во постапката за барање за исплата на средства за солидарен фонд.
Локација: https://www.google.com/maps/@41.99704183884377, 21.434651612452022
Со почит,
Фонд на пензиското и инвалидското сигурување на Северна Македонија