Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија ги известува граѓаните дека согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, ќе се изврши исплата на финансиска поддршка за корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.
Финансиската поддршка за корисниците на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година, изнесува:
– 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка;
– 2.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка и
-1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.
Исплатата на финансиската поддршка ќе се изврши без поднесување на барање од страна на корисниците, врз основа на податоците од евиденциите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, за остварено право во претходниот месец од месецот во кој се врши исплатата на финансиската поддршка.
Доколку, некои од граѓаните/корисници во категориите опфатени со овој закон, не добиле финансиска поддршка, може да поднесат приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од осум дена од денот на извршената исплата на финансиската поддршка.
Комисијата, по поднесените приговори одлучува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот. Притоа, Комисијата за одобрените приговори доставува известување до подносителот и до институциите, а за одбиените приговори до подносителот.
Граѓаните приговорите ги доставуваат по електронски пат на следната електронска пошта prigovori@mtsp.gov.mk, или во архивата на Министерството за труд и социјална политика, со назнака „До Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка“.
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија информира и дека, исплатата на финансиската поддршка за месец април 2024 година ќе биде на 23.04.2024 година.