• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов во „24 Анализа“ на ТВ24: „Наша цел е да покажеме различен пристап во работата и рационално да ги користиме средствата на даночните обврзници“

„Дефицитот во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување во 2024 година беше 36,71 процент и е помал за речиси шест проценти од оној во периодот од 2015 до 2018 година кога изнесувал 42, 43 проценти“, рече директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов во гостувањето во емисијата „ 24 Анализа“ на ТВ24.

Зборувајќи за буџетот на Фондот во 2025 година, Мемов рече дека тој е зголемен за речиси 15 милијарди денари, односно минатата 2024 година буџетот бил 119 милијарди денари, приближно 2,1 милијарда евра, а годинава е проектиран на 134 милијарди 469 милиони денари.

„Зголемувањето се должи на два основа, првиот се очекува  да се приберат девет милијарди денари повеќе  по основ на придонеси и шест милијарди денари повеќе по основ на трансферите од влада. Практично е проектирана исплатата на пензиите кои се зголемени за пет илјади денари“, додаде тој.

Запрашан дали зголемувањето на пензиите ја наруши стабилноста на Фондот, Мемов објасни:

„Фондот за пензиско остварува две основни функции. Првата функција е навремена исплата на пензиите, за која што исплата гарант е владата. И владата гарантира дека  пензионерите секој први во месецот ќе имаат исплата на пензии. И втората функција, којашто е практично оперативниот дел на работата на  стручните служби на Фондот, е обезбедување на правото за остварување на пензии, решенија за пензии, семејни пензии, инвалидски итн.

Во овој дел  ние сме само инструмент за имплементација на  политиките на владата. И апсолутно сметам дека владата со политичка одлука се грижи за зголемување на стандардот на пензионерите. Ние во секоја изјава кажуваме дека пензионерите треба да бидат сигурни за исплатата на своите пензии. Владата ги гарантира пензиите. Како што сме сведоци секој први во месецот банките ги исплаќаат пензиите“.

Во однос на изнесените предлози од страна на Фискалниот совет за зголемување на старосната граница и зголемување на стапката на придонесот за пензиско Мемов рече:

„Фискалниот совет не случајно ги искажа тие загрижености и сугестии, што владата не ги прифати во овој дел во овој момент и не се составен дел на Фискалната стратегија до 2029 година. Јас имам кажано дека таму се сепак сериозни луѓе и сериозно ги анализираат состојбите и ги кажуваат добронамерно за одржување на развојната компонента на  буџетот. Една држава  не може да има прогрес ако нема развојна компонента на буџетот. Тоа значи дека Фискалниот совет, ако можам да ги парафразирам нивните ставови, смета дека државата мора да води сметка повеќе за развојната компонента во буџетот којашто ќе овозможи економски раст, отворање  на нови работни места, отколку да се задржи на социјалните трансфери. Владата преку своите одлуки го кажа својот став, дека сега, во овој период од годината, од мандатот, е потребна финансиска стабилност, социјална стабилност на најранливите категории, меѓу кои се пензионерите“.

Запрашан како ги коментира наодите на Државниот завод за ревизија за работата на Фондот во 2023 година во кој е констатирано дека биле ангажирани 206 лица за работа по договор кои не доаѓале на работа, тој рече:

„Овие двесте извршители веќе не работат во Фондот, нивните договори се завршени на 30 јуни 2024 година. Направивме анализа и видовме дека повеќето од нив не доаѓале на работа. Некои си ја извршиле чесно работата. Во моментов во Фондот има 485 вработени лица, а имаме 25 со договор, онаму каде има под минимумот вработени за да може да се одвива непречено процесот на работа. Тие се ангажирани од декември, се прават обуки за нивно целосно вклучување во работниот процес. Лицата се ангажирани согласно предвидените критериуми во систематизацијата. Во јуни месец 2024 со двесте и шест повеќе ангажирани имало 3325 нерешени предмети, а денеска со 200 луѓе помалку имаме 3000 нерешени предмети. Значи ефикасноста на работењето на Фондот е зголемена“.

На прашањето што ќе преземе за наодите на ревизорите во однос на договорите за тековно одржување за во иднина да нема такви штетни договори, Мемов одговори:

„Сакаме да покажеме различен пристап во менаџирањето на  одредена институција. Што правиме ние сега. Во јануари го донесовме Планот за јавни набавки, веќе колегите од Одделението за стопанисување со имотот на ПИОМ се на терен  за да се согледаат потребите во сите филијали и пензионерски домови и да направиме инвестициска програма. Врз таа основа преку предмер пресметка проекција ќе ги распишеме  тендерите. Развојната компонента што ја правиме е во делот на развој на информатичкиот систем и неговата заштита. Дигитализацијата на процесите во ПИОМ е најважната работа. Промовиравме 17 услуги коишто  може да се изведат дигитално на порталот услуги, без доаѓање на шалтер“.

На прашањето дали се размислува за национализација на вториот столб, директорот на Фондот, Мемов рече:

„Средствата од вториот столб се индивидуални и наследни и не е лесно да се направи нивна национализација. Дури и премиерот во една прилика кажа дека нема намера да се оди во таа насока. Потребно е државата да размислува да им се овозможи на овие пензиски друштва како да можат послободно да раководат со овие средства. Да ги инвестираат за да можат подобро да ги оплодуваат“.