• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

БУЏЕТОТ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКЦИИТЕ

На 29 август 2023 година се одржа Осумдесет и деветтата седница на нашиот Управен одбор, на чиј дневен ред беа Предлог на Буџетското барање на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2024 година и Стратешкиот план на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за 2024-2026 година.

Буџетот на Фондот на ПИОСМ за 2024 година, кој претставува годишен план на приходи и расходи за остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување и инструмент со помош на кој се врши финансирање на функциите на Фондот, е подготвен согласно добиениот Буџетски циркулар за 2024 година од Министерството за финансии, очекуваните макроекономски индикатори за развој на Републиката во 2024 година, како и од нивото на обврските на Фондот во 2023 година и очекуваните нови обврски во 2024 година, што произлегуваат од спроведувањето на пензиското и инвалидско осигурување, согласно законската регулатива, Програмата на Владата на РСМ, Стратешкиот план на Фондот на ПИОСМ за периодот од 2024 до 2026 година и насоките на Управниот одбор за работата на Фондот за наредната година.

Буџетот на Фондот на ПИОСМ за 2024 година е проектиран со избалансирани приходи и расходи во износ од 109.598,17 милиони денари. При неговото проектирање, во делот на приходите, земени се предвид примената на стапката на придонес за ПИО од 18,8%, порастот на просечните плати за 6,4% и порастот на бројот на вработените за 2,3%, додека пак, во делот на расходите земени се предвид законското усогласување на пензиите од 4,5% и приливот на нови корисници на пензија за 1,1%.

Со Буџетот на Фондот за 2024 година се планира редовна исплата на пензиите и другите права од пензиското и инвалидско осигурување согласно законската регулатива, како и другите трошоци кои се неопходни за извршување на дејноста на Фондот.

Стратешкиот план на Фондот на ПИОСМ за 2024 – 2026 год., е составен дел на Буџетот на Фондот за 2024 година и истиот содржи Вовед, Развој на процесот на стратешкото планирање, Визија и Мисија на Фондот, Општи и специфични цели и планирани расходи на Фондот на ПИОСМ за периодот 2024 – 2026 година.

И Предлогот на Буџетското барање на Фондот за 2024 година и Стратешкиот план на Фондот за 2024 – 2026 година, беа едногласно прифатени од членовите на нашиот Управен одбор.