• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Злоупотреба на имотот на Фондот на ПИОМ

102192983_1_____580323584На 13 февруари годинава, во Фондот на ПИОМ, се одржа конференција за новинари по повод потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција

Меморандумот го потпишаа директорите на трите институции: Беким Незири, Горан Трајковски и Александар Тргачевски.
Потпишувањето на овој Документ ќе значи воспоставување взаемна соработка и помош меѓу институциите, со цел навремена и ефикасна заштита на имотот на Фондот на ПИОМ во 275 акционерски друштва и друштва со ограничена одговорност, во кои тој се јавува како имател на акции и удели.
Во Фондот на ПИОМ беше формирана Комисија, која во изминатите 6 месеци изврши ревизија во трговските друштва во кои Фондот поседува акции и удели и утрвди одредени неправилности во работата на 27 од овие друштва, со што е нанесена одредена финансиска штета на Фондот, објасни директорот Беким Незири. Како најголеми неправилности кои ги правеле фирмите, директорот Незири, ги наведе следните: намалување на основачкиот капитал без знаење на Фондот, ставање под хипотека на имотот на Фондот без негова согласност, нереално вреднување на фондовскиот имот даден под кирија, ненаменско трошење на парите од Фондот, како и недоставување годишни финансиски извештаи.
– Со оглед на тоа што Фондот на ПИОМ нема ниту надлежност, ниту ингеренции да се бори против ваквата појава, се обративме до Управата за јавни приходи и Финансиската полиција, кои ни излегоа во пресрет и за таа цел денес го потпишуваме Меморандумот за соработка, рече директорот Беким Незири. Со тоа, во најскоро време, се очекува да се решат пројавените неправилности, што претставува зачувување на имотот на 508.873 осигуреници и 285.411 корисници на пензии, како и зачувување на имотот на Република Македонија, нагласи директорот Незири.
Александар Тргачевски, директор на Управата за финансиска полиција, истакна дека инспекторите на Финансиската полиција, во најскоро време ќе извршат контрола, особено во оние трговски друштва за кои Фондот на ПИОМ има сомневање дека се сторени злоупотреби во работењето на негова штета. Доколку се констатираат кривични дела, рече директорот Тргачевски, ќе се поднесат соодветни кривични пријави против окривените лица.
Директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, вети дека во интерес на заштитата на капиталот на Фондот на ПИОМ, како институција ќе помогне со соодветни контроли и со конкретни резултати ќе излезат кон крајот на јуни годинава.