• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Засилени подготовки – за успешен старт

На 30 октомври, во Стручната служба на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, се одржа првиот од серијата состаноци на кој присуствуваа претставници од: Управата за јавни приходи

Елена Петрова, Зоран Блажевски, Маја Тентова, Билјана Стојаноска, Сашо Јосифовски, Мухедин Авдиќ и Лилјана Јанева. Од Фондот за здравствено осигурување на состанокот присуствуваа Ристана Митровска, Стојан Петрески и Благој Дончев, од Агенцијата за вработување на Република Македонија Марина Зфировска и од Фондот на ПИОМ Атанас Манчев, Нада Андонова, Теодора Маријановска, Божана Ристеска, Аница Ѓуровска, Јадранка Јовановска, Маргарита Куфалова и Рада Живанова.

На состанокот се расправаше по единствената точка: „Регистри за обврзници и осигуреници и нормализација на податоците“. Состанокот го отвори и присутните ги поздрави Теодора Маријановска, советник на директорот за економско-финансиски работи и стопанисување со имотот на Фондот на ПИОМ, а во дискусијата што потоа се водеше на стручен план учествуваа повеќемина.

Така, Јадранка Јовановска, началник на Одделението за матична евиденција при Фондот на ПИОМ, од присутните побара да се формира Работна група со членови од сите институции која ќе работи врз задачите од интегрираната наплата на социјалните придонеси. По нејзината дискусија веднаш беше договорено Работната група да ја сочинуваат следните членови: од Управата за јавни приходи Билјана Стојаноска, Маја Тентова, Сашо Јосифовски, Лилјана Јанева и Зоран Блажевски, од Фондот за здравствено осигурување Татјана Георгиева и Јасмина Смилевска, од Агенцијата за вработување на РМ Марина Зафировска и Лидија Тешиќ и од Фондот на ПИОМ Мирјана Ефремова-Лозановска, Маргарита Куфалова и Рада Живанова. За координатор на активностите определена е Билјана Стојаноска од Управата за јавни приходи, која ќе ги закажува и координира состаноците.

На состанокот, најнапред се укажа за потребно повторно да се објасни значењето на терминот нормализација на податоците и кои активности таа ги повлекува кај сите институции. Имено, тоа подразбира секоја институција во рамките на своите процедури да ги усогласи и уточни податоците во своите евиденции.Од оваа дефиниција произлегува дека нормализирањето, односно усогласувањето на податоците зависи од активностите во сите институции (ФЗО, АВРМ, УЈП), а не само од Фондот на ПИОМ.

Фондот на ПИОМ по 1 јануари 2009 година, нема да ги доставува податоците за обврзниците во УЈП (спротивно, се надева да ги добива од УЈП) и затоа УЈП ќе треба да преземе соодветни активности врзани со форматот на тој регистер за да може да функционира апликацијата. Од тие причини, претставниците од Фондот на ПИОМ предложија дека најцелисходно решение во овој период е како појдовна основа да се земе регистерот на обврзници и осигуреници кој се води во Фондот и истиот да се надополни со специфичните категории на осигуреници кои ги води секоја институција.

Откако предлогот беше едногласно прифатен, договорено е специфичните категории на осигуреници од сите институции (Фонд на ПИОМ, ФЗО и АВРМ), да се доставуваат до Управата за јавни приходи, во облик на М1/М2 пријави. Бидејќи, слогот во Фондот на ПИОМ е веќе дефиниран, Работната група треба да предложи нова процедура за работа, односно да определи нови шифри и контролни критериуми за прифаќање на пријавите. По дефинирањето на овој процес, ќе произлезе оценката за обемот на промените во апликацијата.

По богатата дискусија, донесени се следните заклучоци: секоја институција, од Агенцијата за вработување на РМ, да ги добива податоците од М1/М2 пријавите, а не како што беше предложено УЈП да ги доставува, потоа базата на податоците за обврзници и осигуреници која ја води Фондот на ПИОМ, да се догради со специфичните категории на осигуреници од ФЗО и АВРМ во облик на М1/М2 пријави, а бидејќи Фондот на ПИОМ сеуште нема воспоставено размена на податоци со Централниот Регистер, УЈП да помогне во дефиницијата на процесот за одржување на ажурен регистер за обврзници.

Во Фондот на ПИОМ овој регистер се одржува со интерактивен внос на М11 пријави на шалтерите во подрачните единици, и затоа е потребно УЈП да предложи како овој процес ќе се одвива откако ќе премине во нивна надлежност. Исто така, Управата за јавни приходи да се произнесе и за деловниот процес за корекции на податоците (ЕМБГ, датум на прво вработување итн.), за што е потребно да ги проучи деловните и техничките упатства од Фондот на ПИОМ и да утврди кои од тие функционалности ќе бидат прифатени во работењето на УЈП. Фондот на ПИОМ ќе биде одговорен за спроведување на сите измени во софтверот, а по 1 јануари 2009 година, УЈП да обезбеди софтверска компанија која ќе ги преземе активностите поврзани со развојот и одржувањето на софтверот, заради навремено запазување на определените временски рокови.