Во Фондот на ПИОМ, на 8 и 10 мај годинава, уште еднаш, во врска со примената и поволностите од Законот за отпишување на достасани обврски по основ на придонеси од задолжително социјално осигурување, се сретнаа претставниците на менаџерскиот тим на Фондот и на сметководствените бироа од Скопје.
Од Фондот на ПИОМ присуствуваа: Соња Бачовска и Трајко Премчески, помошници директори, Занија Асаноски, началник на Одделението за контрола на податоци за придонеси од ПИО и Дејан Ѓорѓески, раководител на Филијалата во Скопје.
Пред околу четириесетина сметководители, во двата дена, повторно се говореше за придобивките од Законот за отпис на камати.
Занија Асаноски, началник на Одделението за контрола на податоци за придонеси од ПИО, се обрати пред присутните, укажувајќи дека основна причина за неплаќањето на придонесите од страна на обврзниците, се токму големите камати, особено во услови на економска криза. Од тие причини Фондот на ПИОМ го иницираше донесувањето ваков Закон, кој нуди низа придобивки за плаќањето на придонесите, рече Занија Асаноски. Тој апелираше и воедно ги повика сметководителите, дека токму тие треба да ги запознаат обврзниците и да ги убедат, да ги искористат поволностите од Законот за отпис на камати во нивна корист, а тоа значи најдоцна до 31 мај годинава, да поднесат барање за плаќање на заостанатиот долг до 2008 год. Само на тој начин ќе им се овозможи отпис на каматата за тој период, односно тие ќе можат да го платат само главниот долг. Во тој случај, огромните средства за камата, наместо да ги плаќаат, ќе можат да ги инвестираат во своја цел и за развој на фирмата. Во спротивно, доколку не се искористи оваа можност, многу фирми, за жал, ќе бидат доведени во ситуација на ликвидација, стечај или бришење од Централниот регистар, потенцира Асаноски. Поволностите што ги нуди Законот за отпис на камати се повеќекратни, односно се плаќа само главнината, што е сума скоро за пола помала од целиот долг што треба да се плати, потоа овозможено е плаќање на повеќе пати и во рок од 6 месеци, а со подмирување на обврските до 2008 год., обврзниците стекнуваат право да поднесат барање за отпис на каматата на долгот за придонеси и од 1 јануари 2009 год. Затоа Асаноски, уште еднаш повика, сметководителите да ги убедат своите обврзници за кои работат, да ја искористат оваа тнр. историска шанса, бидејќи каматите се многу големи и секој ден растат, а Фондот вложил голем напор едвај да ја убеди Владата на РМ да дозволи ваков начин на плаќање на заостанат долг, што во блиска иднина нема да се повтори.
Потоа, се надоврза пом. директорката Соња Бачовска, која објасни дека придобивките од Законот за отпис на камати се однесуваат и на пензионираните лица кои работеле кај обврзниците-должници, бидејќи со плаќањето на заостанатиот долг за придонеси, ќе им се зголеми досегашниот износ на пензија. Освен тоа, Фондот на ПИОМ, за сите оние што ќе го платат заостанатиот долг, по службена должност ќе изготви М-4 обрасци за стажот на осигурениците.
На крајот од излагањето, присутните поставуваа прашања на кои стручно и конкретно им беше одговорено.