• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Взаемно преземање на обврските

СРЕДБА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД АЛБАНИЈА

Во Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, се оствари работна средба меѓу делегациите на нашиот Фонд и Република Албанија. Македонската страна ја предводеше Џељаљ Бајрами, министер за труд и социјална политика и Филорета Кодра, заменик министер за труд, социјална заштита и еднакви можности.

По средбата, министерот Бајрами потврди дека во текот на годинава се очекува да се потпише договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Албанија, кој ќе содржи одредби за регулирање на пензиското, инвалидското и здравственото осигурување, за детскиот надоместок и осигурување во случај на невработеност на работниците од Македонија кои работат во Албанија и обратно.

Според него, во последно време забележана е злоупотреба на работната сила во двете држави. Токму поради тоа, како што рече, со договорот ќе се регулираат сите недоследности кои се однесуваат на работниците.

Заменик-министерот Кодра истакна дека претстојниот договор ќе придонесе за намалување на злоупотребата на работниците и нивниот труд во двете земји и подобрување на состојбата во двете држави, кои потенцираше, се стремат да станат дел од европското семејство. Таа истакна дека со договорот ќе им се овозможи на граѓаните на Македонија и Албанија да работат по легален пат во двете држави.