• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Стартува проектот портокалов плик

image1_2_____127787240Денес, 24 септември 2011 година, во Фондот на ПИОМ се одржа прес-конференција, на која присуствуваа и пред новинарите зборуваа министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и директорот на Фондот на ПИОМ, Исни Јакупи.

Како што е познато, истакна министерот С.Ристовски, неколку години наназад се спроведува пензиската реформа, со која покрај воведувањето трослоен пензиски систем, се изврши и административна реформа во државниот пензиски фонд, со цел да се подобри системот за работа.

Оттука, Фондот на ПИОМ ќе започне со реализација на проектот Портокалов плик, заради навремено и целосно запознавање на осигурениците во Републикава за нивниот пензиски стаж и уплатени придонеси. Идејата за отпочнување и реализирање на овој проект, продолжи министерот Ристовски, произлезе од позитивните искуства на приватните пензиски фондови од известувањето на своите членови за состојбата на нивните индивидуални сметки.
– Секој осигуреник има право да биде информиран за состојбата со неговиот пензиски стаж и плати. Токму затоа, осигурениците кои ги оствариле платите во текот на својот работен век, а од кои се врши задршка за уплата на придонесите, треба да си ги остварат заслужените пензии. Портокаловиот плик, меѓудругото, има за цел да ги информира осигурениците дека навременото средување на евиденцијата за пензиски стаж и плати, значи поефикасно и побрзо остварување на идните права од пензиското и инвалидско осигурување, нагласи министерот Спиро Ристовски.
Така, во текот на 2012 година, преку ваквиот начин на известување ќе бидат опфатени сите осигуреници од филијалите и деловниците на Фондот, или околу 460.000 осигуреници.

Во своето обраќање пред новинарите, директорот Исни Јакупи, изрази особено задоволство што Фондот на ПИОМ започнува имплементација на проектот Порокалов плик, кој целосно е продукт на неговите сопствени капацитети (ресурси и техничко-технолошки аспект), и е во функција на клиентите на Фондот (сите вработени во Република Македонија) активно вклучени во системот на пензиското и инвалидско осигурување. Со овој проект, преку доставувањето податоци до секој вработен за состојбата со платените придонеси, точноста на евидентираните податоци за стажот и општите услови за остварување на пензија, се става на увид целокупното работење на Фондот, со што се зголемува контролата за ефикасноста од страна на корисниците на услугите. Според директорот Јакупи, на тој начин ќе се издигне транспарентноста на работењето на Фондот и ќе се зголеми довербата за стабилност кај осигурениците.
Целите што се очекува Фондот на ПИОМ да ги постигне, меѓудругото, е и придонес на неговата финансиска консолидација со редовна уплата на придонесите за вработените. Со ставањето на увид на овие податоци на осигурениците, се очекува да се избегне плаќање на придонесите на најниска основица или за работно време помало од полното работно време, и тоа само за период од 15 години стаж на осигурување кое обезбедува социјална и материјална сигурност.
– Со пилот-проектот, на почетокот од октомври, осигурениците ќе добијат портокалови плика со известувања, и тоа најпрво во Кавадарци, Неготино, Валандово, Струга и Македонски Брод, со што ќе бидат опфатени 29.082 осигуреници. До крајот на оваа година ќе се изврши евалуација на пилот-проектот и повратната реакција на осигурениците, за во 2012 год. ова да стане редовна практика за сите осигуреници во Републиката, објасни директорот И.Јакупи.
Понатамошниот развој на проектот Портокалов плик ќе оди во насока на доставување на податоците по електронски пат, рече директорот Исни Јакупи, на крајот од своето излагање.