Меѓународната асоцијација за социјално осигурување (ИССА), организира Технички семинар за предвидување на развојот на потребите од стареењето на населението во светот, на 5 и 6 декември 2019 година во Варшава, во организација на Институтот за социјално осигурување на Полска (Zaklad Ubezpieczen Spolecznych – ZUS), на кој присуствува директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, г. Шаип Зенељи.
На оваа средба, посебно внимание се посветува на демографското стареење, како еден од најважните предизвици на социјалното осигурување во светот. Како што е истакнато во најновиот Европски извештај на Меѓународната асоцијација за социјално осигурување (ISSA), овој феномен беше претставен како еден од десетте најважни предизвици присутен во целиот европски регион.
Стареењето на населението влијае врз одржливоста на шемите и соодветноста на придобивките што им се плаќаат на постарите лица. Покрај тоа, во последно време, значително внимание е посветено на развојот на потребите на услуги од стареење на населението, особено во врска со здравствената заштита и потребата од долготрајна нега.
Демографските предвидувања се од суштинско значење за разбирање на обемот на проблемот, стратешките подготовки кои опфаќаат многубројни потреби за социјално осигурување поради стареењето на населението и целите на одржливоста.
Затоа, овој семинар ќе има две цели: прво, да го определи начинот како институциите за социјално осигурување создаваат и користат демографски предвидувања и нивната важност во промена на политиките за социјално осигурување, а потоа ќе следат последните иновативни прегледи и решенија во Европа.