На 1 ноември 2011 година стапува на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Канада.
На 1 ноември 2011 година стапува на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Канада, и претставува втор Договор што нашата земја го применува со прекуокеанска држава (истиот е објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 19/10).
Договорот се однесува само на давања од пензиското и инвалидско осигурување, што значи дека не ги опфаќа останатите области од социјалното и здравствено осигурување, давањата за невработеност и додатокот за деца кои вообичаено се карактеристични за европските договори за социјално осигурување.
Истиот ќе се применува на сите лица кои во Република Македонија или Канада навршиле периоди на осигурување или престој што се земаат во предвид при остварувањето на правото на пензија, согласно прописите на Македонија и/или Канада, што се однесуваат на остварувањето на правото за самостојна пензија. Посебно е значајно дека со Договорот се уредува собирање на периоди на осигурување навршени во двете држави, со што се овозможува лицето да оствари право на пензија (сразмерен дел на пензија).
Договорот за социјално осигурување ќе се применува на сите лица што работеле во двете држави, како и на членовите на нивните семејства и истиот содржи начело за еднакво постапување кон лицата што работат на територијата на другата држава.
Договорот гарантира исплата на остварени пензии – давања, стеканти според правните прописи на едната држава договорничка ако корисникот живее на територијата на другата држава договорничка.
Со негова примена е овозможено стекнување на сите видови пензии: старосна, инвалидска и семејна пензија, согласно македонските и канадските прописи на пензиското и инвалидско осигурување.
Лицата кои живеат во Република Македонија за поднесување барање за остварување право на пензија согласно Договорот, треба да се обратат до филијалите на Фондот на ПИОМ според местото на живеење, а лицата кои живеат во Канада до Одделот за меѓународни активности, Служба во Канада, Човечки ресурси и развиток на знаење “International Operations Division, Service Canada, Human Resources and Skills Development“, 333 RIVER ROAD, TOWER ‘A’ 10th FLOOR, OTAWA, ONTARIO K1А OL4;
За повеќе информации јавете се на следните броеви:
Фoнд на ПИОМ:
++389 2 3250 100
++389 2 3250 320
++389 2 3250 341
++389 2 3250 431