• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ

PRESSSДенес, 20.12.2019 година, во Владата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и Министерството за здравство, одржаа средба со претставниците на сите здруженија на пензионери на Република Северна Македонија.

На оваа средба беа презентирани реформите во пензискиот систем и зголемувањето на пензиите во текот на јануари 2020 година од страна на премиерот на Владата на Република Северна Македонија Г. Зоран Заев, Министерот за здравство Г. Венко Филипче, Министерката за труд и социјална политика Г-ѓа Мила Царовска, Директорот на Фондот на ПИОСМ Г. Шаип Зенељи и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Г-ѓа Станка Трајкова.

По тој повод, пред медиумите се произнесе и директорот на Фондот на ПИОСМ Г. Шаип Зенељи, кој јавно им се заблагодари на пензионерите за трпеливоста во периодот додека траеше изработката на пакетот за реформите во пензискиот систем.

Тој додаде и дека континуираното зголемување на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување од 18% на 18,4%, како и проекциите за натамошниот раст во наредните години, ќе помогнат во стабилизирањето на пензискиот систем на Фондот на ПИОСМ.