• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

СРЕДБА СО СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Денес, 10 октомври 2019 година, во просториите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, директорот на Фондот Шаип Зенељи, одржа заедничка средба со претставниците на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

На состанокот присуствуваа претседателот на СЗПМ г-ѓа Станка Трајкова, потпретседателот на СЗПМ г-дин Ментор Ќоку и претседателот на советот на  СЗПМ м-р Илија Адамоски.

Тема на дискусија беа заедничките активности од интерес на двете страни, како грижата за сегашните и идни пензионери, редовната исплатата и усогласување на пензиите, но и донесување на законски решенија за унапредување на пензискиот систем.

Од страна на Сојузот беше изразена благодарност до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија за досегашната успешна соработка, со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.

Двата органа имаат иста цел и се залагаат за олеснување и донесување на правилни одлуки во врска со остварувањето на нивното пензиско право.

Фондот на ПИОСМ и  СЗПМ имаат склучен договор за размена на податоци во делот на исплатата на средствата за Солидарен фонд и членарина на нивните изјаснети членови. Договорот успешно се применува и со тоа Сојузот од страна на Фондот на ПИОСМ два пати годишно добива точни податоци за досегашните и идните членови.

Исто така, претседателката на СЗПМ, г-ѓа Станка Трајкова, изрази голема благодарност до Фондот на ПИОСМ за успешната реализација на проектот Бањско- климатска рекреација, која со години се реализира од страна на Фондот и позитивно влијае на свеста на секој пензионер. Со ова, Фондот докажува дека води грижа и по остварувањето на трајното право на пензионерите.