Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), денес, 03.02.2020 година, одржа еднодневна работилница, на која присуствуваа претседатели на речиси сите 53 здруженија – членки на СЗПМ и други раководни лица.
Пред почетокот на работилницата, од страна на директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, г-дин Шаип Зенељи, беа презентирани последните активности на Фондот, последното покачувањето на пензиите за сите корисници на пензии и Проектот Бањско -климатска рекреација за оваа година.
Директорот ги повика сите заинтересирани пензионери кои сѐ уште го немаат искористено правото за бањско- климатска рекреација, да поднесат барање до филијалите и деловниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, според местото на живеење на корисникот на пензија, до 14-ти февруари 2020 година.
Исто така, од страна на СН Осигурителен брокер АД Битола, беа презентирани услугите кои се нудат на пензионерите на рати во врска со потпишувањето на Договорот за деловна соработка помеѓу Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.
Работилницата се одржа во ресторанот “БРОД ПАНИНИ“ – Велес, на езерото Младост, со почеток во 10 часот.