• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

СРЕДБА СО ДРЖАВНИОТ ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ

Директорката на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Билјана Јовановска одржа работен состанок со директорот на Државниот просветен инспекторат, Адриан Муслиу на кој се разгледуваше прашањето за електронска размена на податоци  за децата кои имаат статус на ученици во основно, средно и високо образование, а кои имаат поднесено барања за семејна пензија.

Согласно ЗПИО услов за остварување право на семејна пензија за дете  е да има статус на ученик, а правото на семејна пензија се исплака до навршени 26 години, доколку е на школување. Како доказ за школувањето се доставува потврда  од установата каде е на школување.

Основното и средното образование се задолжителни,  но за високото образование студентите доставуваат два пати во годината потврда за  запишана студиска година.

За да се намалат обврските на граѓаните во доставување на документи на состанокот се разгледа можноста Инспекторатот да го потврдува статусот на ученик за децата кои поднесуваат барање за семејна пензија по електронски пат како и склучување на меморандум за соработка. И барателите и корисниците на семејна пензија да немаат обврска да ги доставуваат потврдите.

Фондот работи на поврзување и соработка и со останатите институции, се со цел да се намалат обврските на граѓаните при остварување на нивните права.