• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Средба на директорите на фондовите за пензиско и инвалидско осигурување од републиките на поранешна Југославија, сега самостојни држави

sredba001_573202146ДОСЕГАШНАТА СОРАБОТКА – БАЗА ЗА ВО ИДНИНА

На средбата владееше огромен интерес за постигнувањата во нашата пензиска реформа.На иницијатива и покана на Фондот на пензиското и инвлидското осигурување на Словенија, во Љубљана, од 27-ми до 30-ти септември 2010 година, се одржа прва средба на директорите на фондовите за пензиско и инвалидско осигурување на републиките од поранешна Југославија, сега самостојни држави.

Средбата, пред сè, имаше за цел запознавање со развојот, состојбите и проблемите во пензиските системи на државите, како и обновување на поранешните контакти за понатамошна соработка.Директорите на фондовите, на работната средба, ги преставија пензиските системи на своите држави, преку спроведените реформи, актуелните состојби и проблемите со кои се среќаваат во системите како дел од социјлното осигурување на државите, а се разменија и искуства, но и се договорија за одржување и на понатамошни средби, како и теми за разгледување и соработка.

На средбата, Исни Јакупи, директор на Фондот на ПИОМ, прегледно и стручно го претстави македонскиот реформиран тростолбен пензиски систем со посебен акцент на функционирањето на државниот фонд. Неговото исцрпно искажување предизвика голем интерес кај учесниците на средбата. Тие посебно позитивно забележаа дека во Република Македонија пензиите и во време на рецесија се исплатуваат редовно секоја прва недела од месецот за сите корисници, со редовно законско усогласување, дека процесите на работење во Фондот на ПИОМ се со висок степен на техничи и технолошки развој, односно се современи, со извршена голема рационализација на трошоци во работењето на институцијата и др.

Во дискусијата на средбата, посебно соработката со сите фондови беше оценета задоволително како во однос на исплатата на пензии во другите држави, така и во решавањето на правата по меѓународните договори за социјално осигурување и дека соработката со поранешните републики на Југославија се одвива непречено. Но, беше речено, дека во иднина на планот на оваа соработка може да се постигне многу повеќе и поефикасно со примена на електронска размена на документација, а со цел поголема точност на податоците и скратување на роковите за решавање на правата, како и следење на начинот на работа на земјите во Европската Унија.

На крајот, од многу плодната стручна расправа, се истакна дека како идни активности меѓу државите, акцент беше ставен на електронската размена на податоци во делот на решавање на правата од пензиско и инвалидско осигурување и исплатата на пензиите, како и начинот на работа и вештачењето на работната способност на осигурениците, со теденденција на зголемување на темите за разгледување и соработка во зависност од интересите на државите кои ќе ги покажат и предложат.