Од 19 до 21 јуни 2019 година во Хотел „Инекс Горица” во Охрид, во организација на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, се одржа 11-та средба на директорите на фондовите -заводите за пензиско и инвалидско осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ.
На средбата учествуваат претставници од фондовите на Република Словенија, Република Хрватска, носителите на осигурување од Босна и Херцеговина (ФЗ за МИО/ПИО и Фонд за ПИО на Р.Српска), Република Црна Гора, Република Србија, Република Албанија и Република Австрија и како специјални гости на настанот учествуваат Аташето за социјални прашања при Амбасадата на Република Австрија во Белград Г. Оливер Хил и Аташето за труд и социјални работи, здравство и заштита на потрошувачи на Република Австрија во Република Северна Македонија Г. Хералд Фугер.
Домаќин на средбата е Шаип Зенељи, директор на Фондот на ПИОСМ, кој ги поздрави присутните и им посака успешна работа на средбата во Охрид, укажувајќи на значајната улога на средбата, со надеж за придонесување во разрешувањето на постојните проблеми со кои се соочуваат фондовите за пензиско и инвалидско осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ.
Од страна на директорот на Фондот на ПИОСМ, присутните беа накратко запознаени со организационата поставеност и работата на Стручната служба на Фондот на ПИОСМ, со системот на пензиското и инвалидско осигурување во нашата држава, статистичките податоци и законските прописи во последните години.
Главна тема за која се дискутира на средбата е „Перспективите на движењето на бројот на пензионери во наредните десет години”. Држававите учеснички на средбата, презентираат и информираат за измените на прописите во пензиското и инвалидско осигурување, прашањата при спроведување на билатералните договори за социјално осигурување, меѓусебнотo делење искуство при примена на договорите за електронска размена на податоците со државите со кои е потпишан договорот и др.
Во врска со новините во Законот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија и за начинот на исплатата на корисниците на пензија кои живеат во Република Северна Македонија и на територијата на поранешна СФРЈ, присутнте беа информирани од страна на делегацијата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија.
На средбата, учесниците беа поздравени од страна на Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и од Кабинетот на градоначалникот на Општина Охрид.
Директор на Фондот на ПИОСМ и Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска дадоа изјава пред новинарите во врска со одржувањето на средбата во Охрид.
Министерката на средбата ги извести присутните за реформите во пензискиот систем и исто така, потенцираше дека со пензиската реформа дадоа сите по малку, и помладите и повозрасните и се направи заштеда од 4 милијарди денари во Фондот за ПИОСМ, со што системот е стабилизиран и обезбедена е сигурна и континуирана исплата на пензиите. По реформата е исплатена пензија без позајмица од Државата.
Исто така, со Закон е предвидено два пати во годината усогласување на пензиите и трето усогласување кое ќе се прави ако имаме економски раст над 4 проценти.
Ова ќе значи дека повеќе нема да се прават ад хок зголемувања, туку усогласувањето ќе се прави според законската рамка, истакна Царовска.
Средбата продолжува и утре, 21 јуни, при што ќе се дискутира за електронската обработка на податоците, резултатите, можностите, процесите, како и предусловите за напредување при примената на договорите за електронска размена на податоците помеѓу фондовите – учесници на средбата.