• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Состанок меѓу претставниците на фондот на ПИОМ и департментот за пензиска администрација на Косово

На 13 март о.г., во просториите на Фондот на ПИОМ, се одржа разговор меѓу претставници на Фондот на ПИОМ и Департментот на пензиската администрација од Косово (ДПАК), во врска со актуелните прашања и присутните проблеми во реализацијата на остварување на правото за пензиско и инвалидско осигурување.

Делегацијата од Косово ја претставуваа: Басри Ибрахими, директор на ДПАК, Изет Шаља, шеф на Секторот за меѓународни договори, Исуф Ајети, регионален директор на подрачната единица во Гњилане и Бахри Џафери, регионален директор на подрачна единица во Митровица.

Од Фондот на ПИОМ на состанокот присутни беа: Исни Јакупи, генерален директор на Фондот, Трајко Премчески, помошник директор на Секторот за остварување на правата од ПИО, Хамди Мустафа, помошник директор на Секторот за човечки ресурси, правни и општи работи, Бекир Меџити, координатор за остварување на правата од ПИО, Ниѓар Тоска, советник на директорот, Беким Реџепи, шеф на Кабинетот на директорот и Садете Јусуфи, преведувач.

Разговорот се водеше по актуелните прашања: дека осигурениците не се корисници на пензија од Република Србија, потоа препензионирање – како опција што произлегува од Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и поранешна Југославија, информација за архивата што ја поседува Департментот на пензиската администрација во Косово и Договор за понатамошна соработка меѓу двете институции.

На состанокот директорот на Фондот на ПИОМ, Исни Јакупи ги поздрави присутните, а потоа Трајко Премчески извести за организациската поставеност на нашиот Фонд, начинот на остварувањето на правата од пензиското и инвалидско осигурување, решавањето на правата од втор степен, регулирањето на матичната евиденција, оценувањето на работната способност и решавањето на барањата спроведени со меѓународните договори.

Во продолжение на состанокот Хамди Мустафа информира за тековните неформални апликативни барања што можат да се примаат во нашите подрачни единици и за периодот од 1999 до 2002 година, за кои не е извршена исплата на корисниците на пензии од страна на Србија, додека препензионирањето како опција што произлегува од Договорот за социјално осигурување меѓу Р.Македонија и поранешна Југославија, на гостите им го појасни Бекир Меџити.

Претставниците на косовската делегација посочија дека податоците од матичната евиденција од поранешниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување во Косово за периодот до 31 декември 1998 година, се наоѓаат во Департментот за пензиска администрација на Косово. Од 1999 година од страна на УНМИК, со Уредба е воспоставено тнр. трусто штедно осигурување, што нема карактер на пензиско осигурување. Исто така, тие нагласија дека во даночната администрација на Косово може да се побара информација за вработување.

Во разговорите кои се водеа во пријателска атмосфера, двете страни оценија дека ваквиот начин на соработка и во иднина е неопходен и мошне корисен за надминување на проблемите во врска со прашањата за остварување на правата од пензиското и ивалидско осигурување, што ќе продолжат во интерес на корисниците на услугите што произлегуваат од пензиската политика.