• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Ред во работата за исполнување на законските обврски

Picture_087____607576930На 3 септември 2011 година, во Фондот на ПИОМ се одржа прес-конференција во врска со преземените активности за јакнење на финансиската консолидација на Фондот, преку интензивирање на наплатата на неплатените придонеси за ПИО и за спречување на одлевањето средства за незаконски утврдените права.

Најнапред пред новинарите свое обраќање имаше министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, кој објасни дека заради обезбедување на правата за пензиски стаж и плата за остварување право на пензија за секој осигуреник, Фондот на ПИОМ, минатата и оваа година извршил наплата на околу 1 милијарда денари заостанати придонеси, што е 63 отсто од вкупниот износ на ненаплатени придонеси кој изнесува 1,6 милијарди денари. Ова не само што значително ја подобрило финансиската сосотојба на Фондот на ПИОМ, туку и ставило ред во насока на исполнувањето на законските обврски на секој субјект кој има обврска да плаќа придонеси по основ на пензиско и инвалидско осигурување, рече министерот Ристовски.

Во понатамошното свое излагање, тој посочи дека благодарение на постојаната размена на податоци меѓу Фондот на ПИОМ со МВР и Управата за водење матични книги, во првата половина од 2011 година, навремено се спречени незаконски исплати на пензионери кои веќе починале во износ повеќе од 30 милиони денари. Исто така, со редовна интерна контрола на Фондот на ПИОМ, односно благодарение на неговиот нов електронски систем, откриени се 230 случаи на незаконски утврдени права врз основа на неосновано внесен пензиски стаж или фиктивен пензиски стаж, со што е спречена оштета на Фондот на ПИОМ за повеќе од 60 милиони денари, истакна министерот Спиро Ристовски.

Потоа, пред новинарите се обрати директорот на Фондот на ПИОМ, Исни Јакупи, кој потенцира дека една од најзначајните задачи на Фондот е да обезбеди редовна исплата на пензиите на околу 280.141 илјада корисници во Републиката. Оттука, рече директорот Јакупи, Фондот континуирано презема активности за зголемување на редовните приходи на Фондот и подобрување на неговата финансиска состојба, како и за непречено и навремено остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување.

Една од тие активности е и постигнувањето висок процент на наплата на придонесите до 2008 година, што се во надлежност на Фондот на ПИОМ. Во таа насока, Фондот, до сега, оствари контакти со 6.333 обврзници за плаќање на придонес. Ненаплатениот придонес, главно беше од обврзници со еден до двајца вработени и со долгови до 100.000 денари, но сеуште има должници и со повисок долг, појасни директорот Исни Јакупи. Заблежителна наплата е постигната во Скопје, Битола, Кавадарци, Куманово, Штип, Гевгелија и други места.

Покрај ова, истакна директорот, во Фондот се усовршија сите деловни процеси кои имаат директно влијание на контролирање на остварените права и средствата кои се исплатуваат за тие права. Се имплементира нов софтвер, со зајакнати автоматски контроли што го елиминира субјективниот фактор во работењето, а со тоа се постигна скратување на роковите за решавање, навременост во постапката и спречување на незаконити исплати на пензиите. Така, Фондот на ПИОМ, навремено спречи штета од исплата на пензии на починати корисници, незаконски утврдени права по основ на внесен фиктивен стаж и не дозволи нарушување на неговата финансиска состојба по овој основ.

На крајот од своето обраќање, директорот Исни Јакупи нагласи дека главна определба на Фондот на ПИОМ е тој и понатаму да продолжи со зголемена динамика на сите наведени активности како во делот на спречувањето на незаконитости во работењето, така и со зголемена наплата на придонесите, сè со цел осигурениците навремено да ги остварат своите права и да ги добиваат своите заслужени и одработени пензии согласно утврдената динамика за исплата во првата недела од месецот.