• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ОД ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА БИЛАТЕРАЛНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

На 9 и 10 јули 2019 година, во просториите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, се одржува работна средба меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Департаментот за пензии – Министерство за труд и социјална заштита на Република Косово.

На состанокот ќе се разговара за спроведувањето на билатералните договори за социјално осигурување, остварување на пензиските и инвалидските права, надлежностите на меѓувладините институции.

Исто така, ќе се разменуваат и искуства во врска со начинот на исплатата на пензиите/бенефициите врз основа на Договорот за социјално осигурување во странство, размена на податоците и дискусија за други важни прашања кои се вклучени со билатералните договори.