Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија г. Шаип Зенељи, во неговиот Кабинет, го прими Аташето за труд и социјални работи, здравство и заштита на потрошувачи на Република Австрија во Северна Македонија, г. Хералд Фугер.
На состанокот, двајцата соговорници разменија мислења и дискутираа во врска со прашањата од областа на социјалното осигурување на двете земји и се согласија за потребата од почести средби помеѓу двата органи заради спроведување на договорите за социјално осигурување, како и одржување на меѓународни советодавни денови со граѓани меѓу претставниците на двата органи за врска.
Со оглед на тоа што во последниот период Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија има склучено договори за електронска размена на податоците од областа на пензиското и инвалидско осигурување, во текот на состанокот двете страни се согласија дека во иднина треба да се склучи ист ваков вид на договор меѓу двата пензиски фонда.