• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Промоција на софтверот за електронско решавање на барањата за остварување на правата од ПИО и исплата на пензиите

image1_6_____478840406РЕШЕНИЕ ЗА ПЕНЗИЈА – ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ

На 17 ноември, годинава, во Фондот на ПИОМ, се одржа промоција на новиот софтвер за електронско решавање на барањата за остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување и исплата на пензиите.

На промоцијата присуствуваа и пред новинарите зборуваа министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и директорот на Фондот на ПИОМ, Исни Јакупи.

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски истакна дека проектот „Решавање и исплата“ претставува заокружување на повеќегодишната пензиска реформа на Фондот на ПИОМ, кој ќе ја олесни процедурата на граѓаните-идни пензионери за добивање на решение за пензија. Тој додаде дека за секое поединечно барање за пензија се формира електронско досие во архивата, со што се воспоставува систем без движење на хартиена документација. Истовремено, по електронски пат се врши и комплетирањето на предметот со податоци за стаж и плати во матичната евиденција, потоа се донесува решение кое електронски се контролира и се воспоставува исплата на пензиите.

Со новиот прокет, се евидентира секоја промена и дополнување на податоците за стаж и плати и се воспоставува соодветна контрола на квалитетот и точноста на податоците, со што се елиминира и можноста од незаконско внесување на податоците за стаж и плати со цел остварување на незаконско право на пензија, подвлече министерот Ристовски.

Во своето обраќање пред новинарите, директорот на Фондот на ПИОМ, Исни Јакупи, изрази особено задоволство што Фондот со години наназад континуирано и успешно ги спроведува реформите на деловните процеси со цел подобрување, осовременување, транспарентност, економичност и контрола на законитоста во работењето, со што се овозможува осигурениците ефикасно и брзо да ги остваруваат своите права.

– Со новиот софтвер преоѓаме на една нова метода за донесување решенија, многу пократка, со која за неколку минути, доколку осигуреникот – иден пензионер има подготвено комплетна документација ќе може да добие решение за остварување пензија. Затоа, сакам да апелирам до сите осигуреници повремено да си го контролираат стажот, навреме да подготвуваат документација и кога ќе ја имаат ќе добијат решение веднаш и ќе влезат во системот за исплата на пензии, истакна директорот Исни Јакупи.

Од досегашното искуство, се искажуваат позитивни оценки за работењето на Фондот на ПИОМ, со што тој и понатаму ќе продолжи да вложува во техничкото унапредување на човечките ресурси за добри, брзи и навремени услуги на граѓаните, рече директорот Исни Јакупи, на крајот од своето излагање.