Активноста „ДЕН ЗА ВАС“, која Министерството за труд и социјална политика, Фондот на ПИОМ и Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) почнаа да ја реализираат од 2012 година па наваму, продолжува и оваа година, со нов циклус посветен на граѓаните за нивните права од пензиското и инвалидско осигурување. Активноста, е дел од програмските цели на Владата на Република Македонија заради олеснување на пристапот на граѓаните до институциите и подигање на ефикасноста на јавната администрација.
На 20 септември годинава, на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, претставници од трите институции, меѓу кои најбројни од стручните служби на Фондот, низ непосреден дијалог одговараа, со цел да им помогнат на граѓаните да ги надминат проблемите со кои се соочуваат при остварувањето на правата од пензиското и инвалидско осигурување. На овој начин, Фондот на ПИОМ, покажува поголема транспарентност и доближување до граѓаните-корисници на нашите услуги.
Пунктот во Скопје го посетија Диме Спасов, министер за труд и социјална политика, Амет Даути, в.д. директор на Фондот на ПИОМ и Булент Дервиши, претседател на Советот на експерти на МАПАС, кои пред новинарите дадоа свои изјави во врска со овој настан.
На пунктот, граѓаните само со лична карта можеа да извршат проверка на нивниот стаж на осигурување и други податоци од ПИО, како и да добијат известување во хартиена форма, а се информираа и за прашањата поврзани со Првиот и Вториот пензиски столб.
Активноста „ДЕН ЗА ВАС“ која започна во Скопје, ќе продолжи до крајот на оваа и првата половина од наредната 2015 година, и тоа, во Штип, Тетово, Куманово, Битола, Гостивар, Струга, Велес, Охрид, Прилеп и други градови во Републикава.
Треба да се истакне дека, согласно донесените измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Фондот на ПИОМ, од наредната година има обврска да доставува податоци за стаж на осигурување и плати за секој осигуреник. Во почеток, овие податоци ќе се доставуваат по електронски пат преку работодавачот кој е и обврзник за доставување податоци што се водат во Матичната евиденција на Фондот. Од јуни 2015 година, Фондот ќе има законска обврска да овозможи електронски пристап во увидот на податоците за стаж и плати, при што, ќе се применуваат прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци.
Со Проектот „ДЕН ЗА ВАС“, се овозможува навремено информирање на осигурениците за состојбата со стажот и платите врз основа на кои се остваруваат правата од пензиското и инвалидско осигурување, како и ефективно учество на институциите во комплетирањето на тие податоци. Ова е доказ дека јавната администрација претставува сервис на граѓаните во обезбедувањето на социјалната сигурност.