Годинава, во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се реализираат активности во делот на реформите на пензискиот систем на РСМ, каде Фондот учествува во неколку проекти финансирани од Светска банка.
Раководството на Фондот и претставниците на Светска банка вчера, на 13 декември, остварија работна средба за проценување на текот и проблемите при нивната реализација.
На состанокот, од Светска банка присуствуваше г-динот Зоран Анушиќ, а од Фондот присуствуваа: заменик директорот на Фондот на ПИОСМ, Шаип Зенељи, советниците на директорот и тим – лидерот на работните групи за реализација на проектите.
На дневен ред беа сите проекти кои во моментот се во фаза на планирање и реализација.
Проектите се во насока на подобрување и воспоставување на процесите кои ќе имаат влијание на секојдневното функционирање на Фондот и ќе се обезбеди поефикасно и навремено остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување.
Целта на проектите е да се зголеми бројот на достапни електронски услуги, дигитализација на услугите и на потребните регистри на податоци, да се надминат проблемите со недостатокот на податоците за стажот на осигурување во евиденцијата на Фондот и екипирање на Актуарската единица на Фондот, неопходна за статистички анализи на долгорочни проекции.
Фондот во соработка со Светска банка, дава максимален ангажман за нивно успешно реализирање.