• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Продолжуваат активностите – „ден за вас“

DEN_ZA_VAS_VELES__11.06.2011_076____896130158Проектот „Ден за Вас“, кој започна на 21 март во Скопје, продолжи да се реализира и во другите општини во Републикава. Вакви регионални средби со граѓаните се одржаа и во Струмица (24 април), Охрид (21 мај) и Велес (11 јуни).

Претставниците од стручните служби на Фондот на ПИОМ, низ непосреден дијалог, одговараа на поставените прашања од граѓаните за тие полесно да ги надминат проблемите при остварувањето на правата од ПИО.
Од Стручната служба на Фондот на ПИОМ присуствуваа: Трајко Премчески, помошник директор, Ниѓар Тоска и Анифе Метај, советници на директорот, Бекир Меџити, координатор и референти од одделенијата за спроведување на пензиското и инвалидското осигурување по меѓународни договори, за надзор и инструктажа, матична евиденција и контрола на податоците од придонес за пензиско и инвалидско осигурување.
На средбите со граѓаните, присуствуваа и раководителите на филијалите и деловниците на Фондот на ПИОМ од Струмица, Гевгелија, Валандово, Охрид, Струга, Дебар, Кичево, Велес, Неготино и Кавадарци.
Претставниците од Стручната служба-Централа, филијалите и деловниците на Фондот на ПИОМ, ги ислушаа и со свои стручни и компетентни одговори им помогнаа на граѓаните да ги надминат своите проблеми кои во најголем дел се однесуваа на остварувањето на правата од ПИО (старосна, семејна и инвалидска пензија, пензии со примена на меѓународните договори, особено од Србија и сл.).
Во Струмица, како земјоделски крај, карактеристично е што најголем дел од присутните граѓани беа земјоделци, па и прашањата во најголем дел се однесуваа на областа од земјоделското осигурување.
Овие средби во голема мерка го зголемуваат знаењето на граѓаните за своите права, со што придонесуваат за скратување на постапката за решавање на правата од пензиското и инвалидско осигурување.