Во ниедна служба нема застој во реализирањето на работните задачи, особено сега (и во иднина) кога влегуваме во нова битка за уште поуспешна работа. Ова е приоритет од кој нема и не може да има – отстапки
На 24 и 25 ноември 2010 год. во Фондот на ПИОМ, со почеток во 10 часот, се одржа работен состанок посветен на напредувањето на проектот „Решавање на правата од ПИО и исплата на пензиските давања”, како и спроведувањето на процесот за наплата на заостанатите неплатени придонеси.
На состанокот присуствуваа членовите на Менаџерскиот тим, началниците на одделенијата во Централата на Фондот на ПИОМ, раководители и вработени во одделенијата за матична евиденција и решавање на правата од ПИО во филијалите и деловниците на Фондот на ПИОМ.
На состанокот беа разгледани постигнувањата и напредокот на проектот „Решавање и исплата” и обврските кон задачите кои треба да се реализираат до 31. 12. 2010 година, а се расправаше и за состојбата со спроведувањето на процесот за наплата на заостанатите неплатени придонеси и насоки за понатамошно работење.
Работниот состанокот го отвори генералниот директор на Фондот на ПИОМ, Исни Јакупи, кој во поздравната реч изрази задоволстово за големиот одзив и интерес на вработените за започнатиот проект „Решавање и исплата” кој треба задолжително да се реализира до крајот на 2010 година. Тој повика на одговорност и максимално ангажирање и залагање на сите вработени вклучени во овој проект, од причина што проектот ќе стартува на почетокот од 2011 година. Директорот Јакупи побара од присутните на состанокот, отворено и директно да укажат на сите евентуални проблеми во работата, да дадат свои забелешки и предлози, кои ќе бидат насоки за проектниот тим навреме да ги превземе сите потребни мерки за нивно надминување и успешно завршување на работата.
За постигнувањата и напредокот на проектот „Решавање и исплата” и обврските кон задачите кои треба да се реализираат до 31. 12. 2010 година, извештај поднесе Атанас Манчев, помошник директор, кој потенцира дека е особено важно и потребно да се запази рокот за навремено отпочнување на проектот „Решавање и исплата”, согласно дадените насоки од Владата на Република Македонија. Тој укажа и на неколку битни сегменти од реализацијата на проектот. Имено, работата треба паралелно да се извршува со постојана контрола на точноста на податоците од донесеното решение и споредба на работата меѓу стариот и новиот систем. Уште повеќе треба да се форсира заедничката анализа на предметите во филијалите и деловниците, пред да се побара нивно разрешување во Централата. Исто така, потребна е контрола на поедините месечни исплати, задршки, разлики, валоризации, солидарен фонд и контрола на сите месечни рекапитулари за исплатите по банки и трансфери.
За навремено и успешно завршување на проектот, од вработените се очекува поголема одговорност, ефикасност, точност, опфатност и сигурност во работењето, како и користење на архивираните податоци и заштита од злоупотреба. Главна придобивка од примената на овој проект е токму заштитата на податоците и сигурноста на вработените, а се очекува и надминување на проблемите во работата со стариот систем и комуникацијата со корисниците на нашите услуги.
Во врска со она што до сега е постигнато со проектот, тој посочи на комплетното инсталирање на софтверот, воспоставената синхронизација на системите, целосно е истестиран и потврден квалитетот на процесот на донесување решение за старосна пензија, опфатени се скоро сите комбинации за донесување решение за семејна пензија, вградени се можностите за донесување статусно и решение за остварување инвалидска пензија и спроведени се две пресметки за месечни исплати по финалната миграција на податоците. Крајната цел е овозможување точна и усогласена месечна исплата на пензиските давања.
Во наредниот период, во филијалите и деловниците на Фондот планирани се повеќе активности за финализирање на проектот, и тоа: решавање на инвалидските барања, комплетирањето на предметите во Одделението за матична евиденција и Странското одделение, интервенции за контрола или акции по поединечни предмети како последица на информациите за исплата, контрола на процесот на ажурирање на П10/П11 пријавата, усогласувањето на Солидарниот фонд со исплатата во ликвидатура, акции за точни рекапитулации за исплатата во споредба со стариот систем и тестирање на софтверот за исплата на земјоделските и воените пензии.
Помошникот директор, Трајко Премчески, ги поздрави присутните и укажувајќи на важноста на овој проект, потенцира дека во интерес на граѓаните кои чекаат да си го остварат своето право на пензионирање, проектот мора целосно да се заврши и да профункционира во предвидениот временски рок, односно од јануари идната година.
Од Менаџерскиот тим на Фондот, се обрати и Соња Бачовска, помошник директор, која предочи дека функцијата на работната средба е да бидат јасно искажани сите пројавени проблеми во реализацијата на проектот, со цел истите да се надминат заради негова навремена и успешна имплементација.
Во врска со постапката за инвалидските пензии, објаснување даде началничката Љуба Митровска, која побара филијалите и деловниците да ги испратат по автоматски пат до Инвалидската комисија, сите податоци за осигурениците за кои не е донесен наод во новиот систем, заради преземање на дефиницијата на инвалидност и во новото решение, покрај решението донесено во СЛУЖБА. Исто така, и податоците од наодот треба да бидат идентични со податопците во решението. Посебно внимание треба да се обрне на работните налози со кои е поврзана дефиницијата на инвалидност со видот на решението, заради правилно и законито донесување на решението.
Началничката на Одделението за апликативен софтвер АОП, Гордана Милеска, ги истакна проблемите со кои се соочуваат при обработка на исплатата по новиот систем. За октомвриската и ноемвриската исплата во 2010 год. по новиот систем, на фирмата „Интервеј” им се доставени сите влезни и излезни датотеки (вклучувајќи и финансова датотека) од стариот систем (кои се користат за исплатата), меѓутоа повторно се појавуваат проблеми при обработката и се добиваат грешни износи за исплата. Во новата апликација е пуштена само обработка на работничкото осигурување, земјоделци и воени пензионери. Тука не се вклучени обработката на трансферот, поранешните ЈУ-републики и рачната исплата, што претставува голем ризик по однос на запазување на рокот за отпочнување на обработката за исплата по новиот систем. До сега, не се дадени детални извештаи од исплатата. Исто така, од страна на „Инревеј” и „Неоком” не е дадена техничка документација за процесот, иако неколку пати од нив е побарана.
Потоа, раководителите и вработените од секоја филијала и деловница ги изнесоа своите поединечни забелешки, укажувајќи на завршените работни задачи и проблемите на кои наидуваат во врска со работењето на новиот проект.
Во богатата дискусија, беа наведени следните отворени проблеми со кои вработените во филијалите и деловниците најчесто се среќаваат: Недостасува практична обука за работа со новиот систем; побарано е достваување на Упатство за работа од проектниот тим. На ова е одговорено дека вакво упатство им се доставува парцијално (и за работните налози и за поврзаноста на налогот со решенијата, но истите недоволно се почитуваат); автоматизирање на негативните решенија во новиот систем; да се надмине проблемот во процесот на промена на ЕМБГ во новиот систем, бидејќи во стариот систем овој проблем е надминат со директна интервенција на Секторот за ИТ; инвалидските решенија засега не се целосни, бидејќи сега се започна со нивно тестирање; потребна е почеста директна комуникација со вработените од Централата (не само комуникација преку мејлови). Одговорено: Комуникацијата никој не ја забранил туку напротив секојдневно се одржува; Не може да отпочне работата на Солидарниот фонд, поради немање јузери (шифри). Одговорено е дека секој раководител беше задолжен уште во месец мај за своите вработени да достави шифра и улога, што значи дека грешката не е во Централата. Имено, постојат кориснички броеви, меѓутоа прашање е дали упатството било навремено доставено до подрачните единици и дали референтите за Солидарен фонд биле навреме информирани за отпочнување со работа во новата апликација; Нема апликации за пензионирани лица кои решаваат да продолжат со работа (За нив е одлучено да се работат на крајот на процесот); Има технички проблеми при внос на П10/П11 пријавите. Овде ќе интервенира Неоком; проблем се јавува и кај семејните пензии, односно користење на пензијата од починат родител на дете инвалид. Одговорено дека се работи за техника која треба да се примени во одделување на обичните семејни пензии со семејна пензија на дете инвалид; сеуште се јавува проблем при минималните пензии, кога доаѓа до губење на податоците; при донесување на статусни решенија, се отвара П пријава, што не смее, бидејќи за нив нема пополнување на пријави. Во овој дел е потребна интервенција од развивачот на софтверот; во делот на решенијата за сразмерен дел на пензија, се појавуваат различни суми на пензија со П пријавата. Овде е одговорено дека се работи за грешни врски, кои ќе бидат отстранети; во Странското одделение има проблем кај семејните пензии, односно со податоците за починатите лица, поради тоа што предметите се сеуште во архива. По ова прашање треба да се реагира во Неоком заради промена на пензиските броеви корисник –барател на пензија; Исто така, се дискутираше и за промената на ЕМБГ, која е спроведена во деловниот дел, останува да се дефинира процедурата во новиот проект.
На работниот состанок, на кој беа присутни само членовите на Менаџерскиот тим и раководителите на филијалите и деловниците на Фондот на ПИОМ, беше разгледана состојбата со спроведувањето на процесот за наплата на заостанатите неплатени придонеси и насоки за понатамошно работење. Прв се обрати директорот Исни Јакупи, кој искажа задоволство од досегашната работа и заложбата на вработените во наплатата на заостанатите неплатени придонеси. Потврда за тоа, а посебно во услови на економска криза, се и досега наплатените 700 милиони денари долг. Ваквата тенденција, рече директорот, треба да продолжи и да се направи напор до крајот на годинава да се наплатат уште преостанатите средства до вкупен износ од една милијарда денари. Фондот на ПИОМ покажа големо разбирање спрема обврзниците давајќи им можност своите долгови да ги плаќаат и на рати, што даде позитивни резултати во наплатата. Исто така, препорача директорот Јакупи, за поефикасно работење, барањата за наплата на заостанатите долгови на обврзниците пожелно е да им се испраќаат освен по пошта и преку факс, а неопходна е и директна комуникација со нив заради потсетувањето за подмирување на долгот и предупредувањето дека потоа ќе следи блокада на сметките. Значи, би било добро во директен разговор обврзниците да се потсетат и ако е можно да се убедат да го платат долгот, па дури и неколку дена да се одложи предвидениот термин за блокирање на нивните сметки. Со еден збор, Фондот да покаже разбирање кон обврзниците со цел изнаоѓање заедничко решение и по можност без блокада на сметките, да се подмири заостанатиот долг на фирмите.
Потоа, раководителите од секоја филијала и деловница ги изнесоа резултатите од наплатата на заостаните долгови на фирмите во своите општини, проблемите на кои најчесто наидуваат и дадоа конкретни предлози и препораки во овој дел од работата. Општ заклучок е дека позитивни резултати дава плаќањето на рати на обврзниците, како и блокирањето на сметката како крајна мерка согласно законските прописи. Но, беше запрашано дали може и на поединец-фирма да му се овозможи плаќање на долгот на рати, како и тоа како да се постапи, односно да се наплати долгот од фирмите на кои и покрај блокадата на сметките, и понатака не покажуваат никаков интерес за плаќање.
На коментарот дека најмногу од плаќачите, а особено земјоделците, реагираат на висината на каматата, началничката Божана Ристеска одговори дека до минатата година Владата на РМ им овозможи на фирмите ако го платат заостанатиот долг во целост, да им биде отпишана каматата. Ваквата шанса ја искористиле само 426 фирми. Со оглед дека нема повеќе законска можност за отпис на каматата, истата ќе мора задолжително да се плаќа од страна на обврзниците-должници.
Во дискусијата учествуваше и Боро Варошлија, советник на директорот, кој смета дека генерално системот за наплата на заостанатите долгови е добар и ги дава очекуваните резултати. Тој предложи филијалите и деловниците на своја иницијатива да воспостават соработка со основните судови со цел да изнајдат заедничко решение кое ќе се базира на законските одредби и правилното пресметување на висината на придонесите и каматите. Значи, Фондот на ПИОМ на судовите да им понуди стручна помош во изготвувањето на пресметките за висината на придонесите и каматите.
Помошникот директор, Соња Бачовска, истакна дека со спроведената акција за наплата на заостанатите неплатени придонеси, годинава е постигнат голем финансиски ефект и со тоа Фондот на ПИОМ ја поштедил Владата на РМ од дополнителни расходи. Таа додаде дека е многу важно заради сметководственото плаќање Фондот да поседува чист регистар на обврзници, односно да се овозможи база на податоци на осигуреници во која нема да бидат присутни оние кои се во стечај или ликвидација.
За ова, Божана Ристеска образложи дека со контролата на квалитетот за извршената работа се опфатени 23 илјади обврзници за кои покрај хартиен, формиран е и електронски предмет, а до сега се блокирани 7891 фирма и дека и понатака продолжува постапката за наплата на заостанатиот долг до 2008 година. Во продолжение, таа ги изнесе насоките за работа, кои се дадени како интегрален текст во прилог на записникот.
На крајот, Ристеска ги информира раководителите дека од 30 ноември ќе се одржат шест регионални еднодневни обуки за 120 овластени контролори од сите филијали и деловници. Обуката која е на барање од Државниот завод за ревизија се однесува на вршењето контрола на податоците од ПИО на комплетиран предмет за пензија, за што ќе биде подготвено и соодветно Упатство. На обуките ќе се дискутира и за изготвувањето на МПИН-образецот и за корекцијата на податоците по службена должност, а соодветна обука ќе добијат и вработените што работат на Солидарниот фонд.
Состанокот го затвори генералниот директор Исни Јакупи, кој истиот го оцени како многу успешен и корисен за работата и ги задолжи помошниците директори да ги анализираат сите заклучоци и препораки по точките од дневниот ред. Тој уште еднаш потенцира дека работата треба да се одвива без никаков застој, со навремено и брзо решавање на евентуалните проблеми, нагласувајќи дека проектот мора да се реализира во предвидениот временски рок, односно да стартува на почетокот од идната 2011 година.