На 5 октомври, во Пензионерскиот дом „Лика Чопова“ во Општина Чаир, се одржа прес конференција, на која пред новинарите зборуваа директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Откако ги поздрави присутните на конференцијата, директорот Беким Незири, истакна дека од 1 октомври, годинава, Пензионерскиот дом во Чаир официјално станува сопственост на Фондот на ПИОМ,
На 5 октомври, во Пензионерскиот дом „Лика Чопова“ во Општина Чаир, се одржа прес конференција, на која пред новинарите зборуваа директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.
Откако ги поздрави присутните на конференцијата, директорот Беким Незири, истакна дека од 1 октомври, годинава, Пензионерскиот дом во Чаир официјално станува сопственост на Фондот на ПИОМ, благодарение на залагањата на Владата на РМ и нејзините министри од Демократската унија за интеграција.
– Преминувањето на Пензионерскиот дом во Чаир во сопственот на Фондот на ПИОМ, во иднина ќе значи перманентно вложување напори за подобрување на условите за живеење и престој на станарите во овој Дом, при што со свои иницијативи и предлог-проекти, активно и континуирано ќе бидат вклучени и Здруженито на пензионери и Општината Чаир, сè со цел унапредување на животот на пензионерите во Пензионерскиот дом, нагласи директорот Беким Незири.
Исто така, рече директорот Беким Незири, Фондот на ПИОМ планира во Чаир да отвори своја мини-филијала, со што граѓаните на оваа општина ќе можат полесно да добиваат соодветни и стручни информации за остварување на правата од областа на пензиското и инвалидско осигурување.
На прес-конференцијата збор зема и градоначалникот Изет Меџити, кој упати честитки до директорот на Фондот на ПИОМ за позитивното судско решение, со убедување за добра и поуспешна соработка меѓу Фондот и пензионерите од оваа општина.
– Во мое и во име на вработените во Општината Чаир, ја информирам јавноста дека целосно сме посветени и постојано ќе се залагаме за подобрување на условите за живеење и ќе градиме заедничка стратегија за реализација на нови и поуспешни проекти во општината, рече градоначалникот Изет Меџити.
Потоа, директорот Беким Незири и градоначалникот Изет Меџити, ги посетија просториите на Пензионерскиот домво Чаир, каде имаа прилика да водат непосреден и срдечен разговор со станарите на овој Пензионерски дом.