Денес, 21.03.2022 год., во просториите на Фондот на ПИОСМ, се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Управата за водење на матичните книги на Република Северна Македонија.
Меморандумот беше потпишан од страна на Дритан Беџети, в.д. директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Блерим Абази, в.д. директор на Управата за водење на матичните книги на Република Северна Македонија.
Предмет на овој меморандум е користење на податоци и документи по електронски пат преку системот за меѓусебно поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу институциите – интероперабилност.
Соработката меѓу овие две институции се однесува на добивање податоци и информации од евиденцијата на Управата за водење на матичните книги на Република Северна Македонија, кои Фондот на ПИОСМ ќе ги прибавува од давателот на услугата, само и исклучиво во врска со потребите на Фондот, а за извршување на своите законски надлежности.
Користењето на податоците и документите во електронска форма ќе се врши со електронски поединечни барања од страна на Фондот на ПИОСМ согласно Техничкото упатство за видот, формата, начинот и условите за користење на податоци и документи во електронска форма.
Размената на податоците и документите по електронски пат од евиденцијата која ја води Управата за водење на матичните книги какао давател на услуги и Фондот на ПИОСМ како корисник на услуги, е со цел спроведување на законски утврдените надлежности на Фондот согласно одредбите на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Законот за општа управна постапка.
Страните потписнички ќе го применуваат овој меморандум во духот на меѓусебно разбирање и соработка и взаемно ќе се информираат за сите востојби кои можат да ја доведат во прашање целосната и навремена примена на меморандумот.