• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД БИТОЛА, ФОНДОТ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Денес, 25 ноември 2019 година, во просториите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, се потпиша Договор за соработка меѓу СН Осигурителен брокер АД Битола, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

Во име на СН Осигурителен Брокер АД Битола, Договорот за деловна соработка го потпиша г-дин Христо Кондовски, во име на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Договорот го потпиша генералниот директор на Фондот г-дин Шаип Зенељи, додека во име на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, претседателката на Сојузот г-ѓа Станка Трајкова, како претставник на корисниците на услугите кои ќе ги добијат пензионерите.

Цел на Договорот е подобрување на стандардот на пензионерите преку производите кои ги нуди давателот на услугата СН Осигурителен Брокер АД Битола, а со помош на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија на сите заинтересирани пензионери ќе им биде овозможено добивање на услуги на 12 рати преку месечна задршка од нивната пензија.

По потпишувањето на Договорот, СН Осигурителен Брокер АД Битола, како давател на услугата, донираше три лаптопи и два телевизора на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, кои ќе бидат доделени на пет здруженија, со цел подобрување на нивното функционирање во секојдневните активности.

Потпишувањето на овој договор е добар пример и доказ за секојдневната грижа на пензионерите во нашата Држава.