• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ЕЛЕКТРОНСКА РАЗМЕНА НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ МЕЃУ ФЕДЕРАЛНИОТ ЗАВОД МИО/ПИО И ФОНДОТ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Во Мостар, во периодот од 4 до 5 јули 2019 година, е одржан состанок со претставници од Федералниот завод МИО/ПИО и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

На состанокот е усогласен и потпишан Договор за електронска размена на податоците од областа на пензиското и инвалидско осигурување, како и Технички протокол за електронска размена на податоците.

Договорот го потпишаа директорот на ФЗ МИО/ПИО, Зијад Крњиќ и директорот на Фондот на ПИОСМ, Шаип Зенељи.

Целта на овој состанок е унапредување на меѓусебната соработка и размената на податоците меѓу носителите на осигурувањето, заради подобрување и забрзување на процесите за остварување на правата од областа на пензиското и инвалидско осигурување.

Искажано е задоволство поради одржаниот состанок, како и за досегашната добра соработка на носителите на осигурувањето.