• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Почнаа средбите со граѓаните

DEN_ZA_VAS__21.03.2012_012____510780045На 21 март, директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири и министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, го означија почетокот на средбите со граѓаните насловени како „Ден за Вас“.

На средбите, кои се одржаа во Фондот на ПИОМ, Централа-Скопје, претставници од стручните служби на Фондот, низ непосреден дијалог одговараа со цел да им помогнат на граѓаните да ги надминат проблемите со кои се соочуваат при остварувањето на правата од пензиското и инвалидско осигурување.
Министерот Спиро Ристовски и директорот Беким Незири, имаа можност да слушнат и дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните, кои најмногу се однесуваат на недостиг на одредени документи, некомплетирани податоци за стаж и плати, нецелосно пресметан износ на пензијата, потврдување на пензискиот стаж од странство и сл.
Во своето обраќање пред новинарите, директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири, изјави дека со ваквиот начин на комуникација со граѓаните, Фондот како институција, транспарентно и директно ќе им помогне на своите корисници на услуги да добијат компетентен и стручен одговор на сите отворени прашања во врска со начинот на остварување на правото за пензија.
– Средбите кои започнаа во Скопје, ќе се одржат и во Струмица, Охрид, Велес, Куманово, Штип, Тетово и Битола, со што ќе бидат опфатени сите региони во Републикава. За одржувањето на регионалните средби, граѓаните однапред ќе бидат известени преку електронските и печатени медиуми и филијалите и деловниците на Фондот на ПИОМ, рече директорот Беким Незири.
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, проектот го оцени како исклучително значаен за граѓаните на Република Македонија, преку кој тие директно ќе можат да се посоветуваат за начинот на остварување на своите права од пензиското и инвалидско осигурување.