• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Настани

Злоупотреба на имотот на Фондот на ПИОМ

На 13 февруари годинава, во Фондот на ПИОМ, се одржа конференција за новинари по повод потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција
Повеќе

Повик за користење на услуга на бањско-климатска рекреација на корисниците на пензија во 2013 година

Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица-корисници на пензија да се јават за користење на услугата бањско-климатска рекреација. Oваа услуга може да ја користат лица-корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со кои Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување, а кои ова право го стекнале заклучно со ноември 2012 година.
Повеќе

Зголемена транспарентност и успешност во работењето на инвалидските комисии

Реализацијата на новата процедура за работа на Комисијата за оцена на работната способност, беше тема на прес-конференцијата што се одржа на 25 декември, во Фондот на ПИОМ.
Повеќе

Домот „Ѓорче Петров“ домаќин на делегацијата на премиерот

Пензионерскиот дом Ѓорче Петров на 30 декември 2012 година беше домаќин на делегацијата предводена од премиерот Никола Груевски во придружба на министерот Спиро Ристовски и директорот на Фондот на ПИОМ Беким Незири.
Повеќе

Посета на делегација од СЗПМ

Во Фондот на ПИОМ во април 2013 година пристигна делегеција на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, предводена од претеседателот г-динот Драги Аргировски.
Повеќе

Позитивна судска одлука во корист на фондот

На 5 октомври, во Пензионерскиот дом „Лика Чопова“ во Општина Чаир, се одржа прес конференција, на која пред новинарите зборуваа директорот на Фондот на ПИОМ, Беким Незири и градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити. Откако ги поздрави присутните на конференцијата, директорот Беким Незири, истакна дека од 1 октомври, годинава, Пензионерскиот дом во Чаир официјално станува сопственост на Фондот на ПИОМ,
Повеќе

Подобрена работата на инвалидските комисии

Од септември, официјално ќе почне да функционира новата процедура за работа на инвалидските комисии,која ќе овозможи скратување на постапката со точно дефинирани рокови, зголемена ефикасност, стручност и професионалност во работењето, а на Веб-страницата на Фондот на ПИОМ, на секои три месеци ќе има детално информирање колку и кои лица аплицирале и колку од нив стекнале право на инвалидска пензија
Повеќе

Продолжуваат активностите – „ден за вас“

Проектот „Ден за Вас“, кој започна на 21 март во Скопје, продолжи да се реализира и во другите општини во Републикава. Вакви регионални средби со граѓаните се одржаа и во Струмица (24 април), Охрид (21 мај) и Велес (11 јуни).
Повеќе