• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Настани

СРЕДБА НА ДИРЕКТОРИТЕ НА ФОНДОВИТЕ ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ДРЖАВИТЕ НАСТАНАТИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ПОРАНЕШНА СФРЈ

Од 19 до 21 јуни 2019 година во Хотел „Инекс Горица” во Охрид, во организација на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, се одржа 11-та средба на директорите на фондовите -заводите за пензиско и инвалидско осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ.

Повеќе

ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ЗА ЕЛЕКТРОНСКА РАЗМЕНА НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ПЕНЗИСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ МЕЃУ ФОНДОТ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ДЕПАРТАМЕНТОТ ЗА ПЕНЗИИ ПРИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА НА РЕПУБЛИКА КОСОВО

На 11.06.2019 година, е потпишан Договор за соработка меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (ФПИОСМ) и Департаментот за пензии при Министерството за труд и социјална политика на Република Косово (ДП-МТСП-РК).

Повеќе

ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

Од 14 до 16 мај, оваа година, во Баку, Република Азербејџан, во организација на Меѓународното здружение за социјално осигурување (ISSA), се одржа Европски форум за социјално осигурување на тема: „Достигнувања и предизвици во областа на социјалната сигурност во Европа“.

Повеќе

РАБОТНА СРЕДБА МЕЃУ ФОНДОТ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ФОНДОТ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА ЦРНА ГОРА (4 – 5 МАРТ 2019 ГОДИНА ВО СКОПЈЕ)

На 4 и 5 март 2019 година, се одржа работна средба меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Црна Гора.

Повеќе

ДЕСЕТТА СРЕДБА НА ДИРЕКТОРИТЕ НА ФОНДОВИТЕ ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ДРЖАВИТЕ НАСТАНАТИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ПОРАНЕШНА СФРЈ

Во организација на Републичкиот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Република Србија, од 21 до 23 јуни 2018 година, во Белград, се одржа Десеттата средба на директорите на фондовите за пензиско и инвалидско осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ.

Повеќе

Реновиран пензионерскиот дом во Општина Чаир

В.д. директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија г-н Амет Даути и градоначалникот на Општина Чаир, г-н Изет Меџити, денес во единасесет часот го посетија Пензионерскиот дом Чаир, каде остварија средба со станарите на Домот. Целта на посетата беше да се види на лице место што е реновирано и колку се задоволни станарите на домот.
Повеќе

Завршена реконструкцијата на пензионерскиот дом во автокоманда

По повод завршената реконструкција на Пензионерскиот дом во Автокоманда, Општина Гази Баба, денес, 27 август, во 11,30 часот, пред платото на Пензионерскиот дом, прес-конференција одржаа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, в.д. директорот на Фондот на ПИОМ, Амет Даути, претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, Драги Аргировски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски и претседателот на Советот на Општина Гази Баба, Милан Андоновски.
Повеќе

Информација за електронски пристап до податоците за осигурениците во матичната евиденција на Фондот на ПИОМ

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија воспостави нова услуга, со која преку својата веб-страница обезбедува пристап на осигурениците до нивните регистрирани податоци во матичната евиденција.
Повеќе

Информација за доставување на преглед на регистрирани податоци за стаж и плата до обврзниците

Со измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидско осигурување, објавени во Сл. Весник на Р.Македонија бр. 113/2014 година, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија според член 207-а ја спроведе обврската околу начинот на информираност на осигурениците во врска со податоците за стажот на осигурување и платите.
Повеќе