• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Настани

СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ПЕНЗИСКИОТ СИСТЕМ

Денес, 20.12.2019 година, во Владата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и Министерството за здравство, одржаа средба со претставниците на сите здруженија на пензионери на Република Северна Македонија.

Повеќе

ФОНДОТ НА ПИОСМ СЕ ПРИКЛУЧИ НА АКЦИЈАТА „НЕ БИДИ ЃУБРE“

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, денес на 14 декември 2019 година, се приклучи на еколошката граѓанска иницијатива „Не биди ѓубрe“, на која активно учествуваа Менаџментот и вработените на Фондот. Акцијата се реализираше во околината на институцијата, односно на кејот на Вардар.

Основна цел на ова активност е да се исчисти нашата околина и да се подигне јавната свест на граѓаните.

Повеќе

СТАРЕЕЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО – ПРЕДИЗВИК КОЈ ВЛИЈАЕ БРЗ ОДРЖЛИВОСТА НА СОЦИЈАЛНИОТ СИСТЕМ

Меѓународната асоцијација за социјално осигурување (ИССА), организира Технички семинар за предвидување на развојот на потребите од стареењето на населението во светот, на 5 и 6 декември 2019 година во Варшава, во организација на Институтот за социјално осигурување на Полска (Zaklad Ubezpieczen Spolecznych - ZUS), на кој присуствува директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, г. Шаип Зенељи.

Повеќе

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД БИТОЛА, ФОНДОТ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Денес, 25 ноември 2019 година, во просториите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, се потпиша Договор за соработка меѓу СН Осигурителен брокер АД Битола, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

Повеќе

СВЕТСКИ ФОРУМ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

Од 14-ти до 18-ти октомври 2019 година, во Брисел, Белгија, се одржува Светскиот Форум за социјално осигурување, како најголем и најважен меѓународен настан за социјално осигурување, чии домаќини се институциите за јавно социјално осигурување на Белгија.

Повеќе

СРЕДБА СО СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Денес, 10 октомври 2019 година, во просториите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, директорот на Фондот Шаип Зенељи, одржа заедничка средба со претставниците на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

Повеќе

ТРИГЛАВ – НОВ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД ВО ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ

Од 1-ви април 2019 година, на пензискиот систем се приклучи ново друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови - Триглав Пензиско друштво АД Скопје.

Повеќе

РАБОТНА СРЕДБА СО АТАШЕТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ, ЗДРАВСТВО И ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ НА РЕПУБЛИКА АВСТРИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија г. Шаип Зенељи, во неговиот Кабинет, го прими Аташето за труд и социјални работи, здравство и заштита на потрошувачи на Република Австрија во Северна Македонија, г. Хералд Фугер.

Повеќе

РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ОД ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА БИЛАТЕРАЛНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ

На 9 и 10 јули 2019 година, во просториите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, се одржува работна средба меѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Департаментот за пензии – Министерство за труд и социјална заштита на Република Косово.

Повеќе

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ЕЛЕКТРОНСКА РАЗМЕНА НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ МЕЃУ ФЕДЕРАЛНИОТ ЗАВОД МИО/ПИО И ФОНДОТ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Во Мостар, во периодот од 4 до 5 јули 2019 година, е одржан состанок со претставници од Федералниот завод МИО/ПИО и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

Повеќе