• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Настани

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

Денес, 22. декември 2022 година, во соработка со ООЦК Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Фондот на ПИОСМ се организирираше редовна крводарителска акција.

Повеќе

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ФОНДОТ НА ПИОСМ И МЕЃУНАРОДНОТО ПОЛИЦИСКО ЗДРУЖЕНИЕ – ОДДЕЛ МАКЕДОНИЈА

Денес, 19 декември 2022 година, во Фондот на ПИОСМ, се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Меѓународно полициско здружение – Оддел Македонија.

Повеќе

ПРОЕКТИ ВО ФАЗА НА РЕАЛИЗИРАЊЕ

Годинава, во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија се реализираат активности во делот на реформите на  пензискиот систем на РСМ, каде Фондот учествува во неколку проекти финансирани од Светска банка.

Повеќе

ПОСЕТА НА ФИЛИЈАЛИТЕ НА ФОНДОТ

Во текот на оваа година, имаше низа активности и ангажирање на раководството на Фондот во подобрувањето на условите на вработените низ повеќе филијали на Фондот на ПИОСМ. Една од нив е и Филијалата во Гостивар, која на 18 ноември 2022 година ја посети в.д. директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, Дритан Беџети.
Повеќе

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА – ЗАСИЛУВАЧ ЗА ЕФИКАСНОСТ И ИЗДРЖЛИВОСТ

На покана од страна на директорот на Австрискиот фонд г-дин Винфрид Пингера во периодот од 17-18.11.2022 година во Виена, Австриjа, се одржа Меѓународен симпозиум на тема: „Дигитализација во време на криза – засилувач за ефикасност и издржливост”,  организиран од Австрискиот пензиски Фонд. 
Повеќе

ОДРЖАНИ МЕЃУНАРОДНИ СОВЕТОДАВНИ ДЕНОВИ

На 26 и 27 октомври 2022 година, во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија во Скопје, се одржаа Советодавни денови меѓу претставниците на Фондот на ПИОСМ и Германскиот  носител за социјално осигурување.

Повеќе

ДИГИТАЛИЗИРАЊЕ НА УСЛУГИТЕ

Дигитализацијата на услугите и регистрите, како стратешка цел на Владата на Република Северна Македонија преку проектот „Зајакнување на е-влада”, финансиран од програмата ИПА 2017, кој започна со имплементација во третиот квартал на 2020 година, е во завршна фаза и за кратко време ќе започне да се реализира.

Повеќе

ОДРЖАНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ФОНДОТ НА ПИОСМ

На 19 јули 2022 година, во Фондот на ПИОСМ, се одржа онлајн состанок со претставници од Светска банка – Канцеларија во Скопје, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и консултант од фирмата ФИНИТ од Република Босна и Херцеговина.

Повеќе

12-ТА СРЕДБА НА ДИРЕКТОРИТЕ НА ФОНДОВИТЕ НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ ОД ДРЖАВИТЕ НАСТАНАТИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ПОРАНЕШНА СФРЈ

Од 08-10 јуни 2022 година, во Дубровник, Република Хрватска, се одржа 12-та средба на директорите на фондовите на пензиското и инвалидското осигурување од државите настанати на територијата на поранешна СФРЈ, организирана од страна на Хрватскиот завод за мировинско осигурање.

Повеќе

ДАРУВАЈТЕ КРВ, СПАСЕТЕ ЖИВОТ, СТАНЕТЕ ХЕРОЈ

Денес во нашите простории, се организираше доброволна акција за дарување крв. Директорот на Фондот изрази голема благодарност за работата на Единицата на Црвениот Крст, како и до вработените во Фондот на ПИОСМ кои даруваа крв, за високата свест дека дарувањето крв е од многу голема важност за луѓето на кои им е потребна, но и за нивното лично здравје.

Крвта е најскапоцениот подарок што човек може да му го даде на друг човек – подарува живот!

 
Повеќе