• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

Одржани обуки на вработените од подрачните единици

3_660238449Учесниците на обуката, како и обучувачите оценија дека обуката беше корисна и успешна, а резултатите од истата ќе се следат во наредниот период.

Согласно планот за работа на Отсекот за наплата на придонеси за 2009 година, од 18-19 мај, во Стручната служба на Централата на Фондот се одржаа обуки на вработените во наплата на придонеси. На обуките беа обработени следните теми: презентација на модулот за контрола со практичен дел; презентација на апликацијата за бришење на МППП со практичен дел; презентација на апликацијата за бришење на камата со практичен дел; и разрешување на неидентификувани уплати.

Обуката имаше за цел уште еднаш учесниците да се запознаат со модулот за контрола и за истиот да добијат практични знаења. Имено, за овој модул претходно се вршени две обуки и тоа прв пат кога модулот сеуште не беше ставен во функција и втор пат кога се генрираше првиот циклус на извештаи за контрола (втората половина на 2007 година).На обуката учествуваа сите вработени кои претходно беа пријавени од раководителите на подрачните единици, а главно се на работни места – контролори во наплата на придонеси. За одбележување е дека обуката се одржа во два дена со учество на контролори од по 15 подрачни единици.

Обуката беше организирана и одражана заради следните причини: Резулататите од котролата по првиот циклус на податоци кој опфаќаше период од 1.01.2006 до 30.09.2007 година не дадоа задоволителни резулататите, бидејќи дел од подрачните единици не го користеле модулот за контрола или делумно го користеле. Во меѓувреме, од одржувањето на претходните котроли до денес, во подрачните единици има промена на извршителите во наплата на придонеси, односно има лица на кои им е потребно запознавање и обука од модулот на контрола. Тоа беше по оценка и барање на раководителите на подрачните единици дека треба да се изврши дополнителна обука за модулот на контрола.

Обуките ги извршија вработените од Единицата за наплата на придонес со техничка подршка од Секторот за информатика.Обуката опфати теоретски дел во кој им беше појаснет начинот и постапката на вршење на контролата согласно законската регулатива како и начинот и постапката за работа со сите апликативни решенија кои беа тема на обуката. При тоа беше појаснето дека модулот за контрола е целосно автоматизиран процес со автоматско определување на обврзници за контрола како и контролори кои треба да вршат контрола. Модулот работи според утврден календар усогласен со законската регулатива и настаните се определуваат согласно утврдениот календар.

На присутните посебно им беше укажано дека Фондот има законска обврска да изврши контрола и наплата на сите неплатени или погрешно пресметани и платени придонеси заклучно со декември 2008 година. На сите подрачни единици по извршители – контролори беше доставен линкот со генерирани извештаи за отпочнување на вршење на контрола, а за резултатите од работата секторот за ИТ ќе генерира неделни извештаи.

Во врска со апликативното решение за бришење на МППП фајлови беше појаснето дека ова апликативно решение овозможува бришење само на поднесени неплатени МППП пријави кои се однесуваат за период пред 1.01.2006 година т.е оние кои се изготвени од вработените од Фондот на ПИОМ, а не оние кои ги изготвувал самиот обврзник. Оваа апликација има за цел чистење на базата од непотребни податоци, односно податоци кои се повеќе пати или погрешно генерирани.

Во однос на апликативното решение за бришење на камата беше истакнато дека за отпис на камата во декларации кои во себе содржат камата потребно е да се користи ова апликатвно решение кое беше дел од обуката. Имено, од обврзникот потребно е да се достават сите МППП декларации кои не се поднесени и оние кои во себе содржат камата да се обработат, потоа да се изврши бришење на каматата и повторно да се обработат со цел да се добијат нови декларации без камата и да можат да се разрешат уплатите за главниот долг. На обуките беше истакнато дека во апликацијата задолжително е внесување на архивски број за водење на евиденција и изборот на процент за отпис на камата останува во надлежност на лицето кое работи на предметот во зависност од рокот за плаќање.

На обуката беа презентирани и апликативните решенија за разрешување на неидентификувани уплати и следење на МППП. За сите презентирани апликативни решенија присутните имаа можност практично да го применат сето она што беше презентирано.По завршувањето на практичниот дел присутните имаа можност за поставување на прашања во врска со апликативните решенија и други прашања поврзани со работата на кое присувствуваа и дадоа свој придонес вработените од Одделението за матична евиденција.

Од присутните на обуката беше истакнато дека поради техничките проблеми со кои секојдневно се соочуваат не се во можност своите обврски од модулот за контрола целосно да ги извршуваат во своето работно време и побараа модулот за работен тек да овозможува работење и после 16 часот.