• +389 (2) 3 250 100
  • info@piom.com.mk

ОДРЖАНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ФОНДОТ НА ПИОСМ

На 19 јули 2022 година, во Фондот на ПИОСМ, се одржа онлајн состанок со претставници од Светска банка – Канцеларија во Скопје, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и консултант од фирмата ФИНИТ од Република Босна и Херцеговина.

На состанокот, од Фондот на ПИОСМ присуствуваа в.д. директорот Дритан Беџети и дел од вработените вклучени во проектот финансиран од Светската банка, кои работеа со консултантот од Босна и Херцеговина.

Презентацијата ја одржа консултант од фирмата ФИНИТ од Република Босна и Херцеговина, во врска со реализацијата на Проектот: „Консолидација на податоците на Фондот на ПИОСМ во врска со придонесите на осигурените лица – М4 извештаи“.

Целта на овој проект е донесување на законско решение со кое ќе се надминат проблемите околу недостатокот на податоците за стажот на осигурување во евиденцијата на Фондот на ПИОСМ. Со реализацијата на проектот, ќе се обезбеди поефикасно и навремено остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување.

SLIKA 1а